Форбс: Спасувачите на плажите во Лос Анџелес заработуваат стотици илјади долари
САД– Според „Форбс“, спасувачите на плажите во Округот Лос Анџелес, поточно – седум од нив заработуваат скоро и до 392.000 американски долари годишно. А, 82 спасувачи заработуваат над 200.000 долари годишно, благодарение и на прекувремени часови работа.
Фернандо Бојтеукс, „вршител на должноста главен спасител“ на Округот ЛА, заработил 391.971 долар во 2019 година, според извештајот на „Форбс“. Истата година, 31 спасител заработиле од 50.000 до 130.000 американски долари од прекувремените часови. Исто така, се наведува дека спасувањето повеќе животи не мора да значи и поголема плата. Имено, многу од спасувачите кои добија медал за храброст не се меѓу најплатените.
Извештајот исто така покажува дека во првите 20 спасители, има само две жени.
„Зошто спасителите на плажа заработуваат толку многу пари е прашање што даночните обврзници во Лос Анџелес треба да почнат да го поставуваат. Работата на спасителите на вода може да биде опасна, но не е јасно зошто жителите треба да плаќаат толку прекувремена работа, кога државните службеници веќе ги чинат даночните обврзници 45 милијарди долари годишно?“, наведува списанието.
За споредба, носењето костими за капење во Лос Анџелес и патролирање на јавни плажи е подобро платена работа од онаа на анестезиолозите, повеќето хирурзи, лекари, па дури и од некои адвокати.