Финската влада по прв пат предлага затворање на Хелсинки


 

Финската влада, денека по прв пат предложи затворање во домовите на жителите на пет градови, меѓу кои главниот Хелсинки, за да се сузбие ширењето на заразата од корона вирус.

Првото затворање на Финците во нивните домови во пандемијата од Ковид-19 предложено е на гласање во парламентот и оцена на уставорпавниот одбор.

Пладата порано во март ги затвори рестораните и средните училишта низ земјата. Нордиската нација со 5,5 милиони жители забележа вкупно 73.516 зарази и 811 починати од Ковид-19. Тоа е една од најмалку погодените земји во Европа.

„Ова се сега градови со најтешка епидемиолошка ситуација, но списокот може да се ажурира ако ситуацијата се промени“, рече за Ројтерс Паиви Антикоски, шеф за комуникации во канцеларијата на премиерот.

Жителите на тие градови ќе може да ги напуштат своите домови само од нужни причини како набавка на храна или патување во друг дом. Непочитувањето намерките парично ќе се казнува.