Финска се повлекува од Меѓународната конвенција за забрана на противпешадиски мини

Претседателот на Финска, Александар Стуб денеска потпиша повлекување на Финска од Меѓународната конвенција од Отава за забрана на противпешадиски мини.
– Финска се соочува со непосредна воена закана, но и промените во оперативното опкружување бараат од нас да ја зајакнеме нашата одбрана. Финска има 1.340 километри граница со Русија, а видовме како Русија води војна, посочи Стуб.
Финските пратеници минатиот месец изгласаа излегување од Конвенцијата од Отава, што Хелсинки ја потпиша во 2012 година.
Стуб потенцира дека Финска нема да поставува мини во мирно време.
На потписниците на Конвенцијата им е забрането да користат, складираат, произведуваат и пренесуваат противпешадиски мини, но тие се должни да ги уништат преостанатите резерви.
Одлуката за повлекување од Конвенцијата ќе стапи во сила шест месеци откако Финска ќе ги извести Обединети нации. Во меѓувреме Естонија, Летонија, Литванија и Полска најавија повлекување од Конвенцијата од Отава.