Европската унија ги заострува правилата за извоз на вакцини?
Европската комисија денеска ќе ги прошири правилата на унијата, за да може да да го блокира извозот на вакцини против корона вирусот во Велика Британија и други подрачја со многу поголеми стапки на вакцинација. Со новата одлука може да биде спречено компаниите да ги прераспределат порано договорените испораки.
Ова го најавија официјални лица од ЕУ, а целта е да се направи пропорционална трговија со вакцини, папроизведувачите од други земји вакицините да ги продаваат на Европа, а ЕУ да не извезува повеќе отколку што увезува.
Уредбата ќе биде основа за 27 влади на ЕУ да одлучат дали ќе го блокираат извозот на вакцините или не. Сепак, оваа промена веројтно нема да покрене масовни забрани на извозот на вакцини произведени во ЕУ, рече надлежен со увид во најавата.
„Не мислам дека тоа ќе се случи, затоа што имаме меѓунаросни обврски и сакаме синџирите на набавка да бидат продолжени, глобалниот систем да функционира“, вели тој.
Потегот, з акој од ЕУ велат дека би можел да ја погои „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, смислен е така да се избедне недостаток во испораката во она подрачје каде се забележани задоцнувања.
ЕУ овој месец користеше механизам на контрола на извозот, воспоставен кон крајот на јануари, за да блокира пратка вакцини во Австралија.
„Џонсон и Џонсон“ кој се обврза дека ќе испорача 55 милиони дози во ЕУ меѓу април и јуни, планира да почне испорака во втората половина на април.
„Модерна“ и „Фајзер“ имаа доцнења во испораката на вакцини во ЕУ, но порачуваат дека се оринетирани да ги исполнат целите од првиот квартал.