ЕУ за новата одлука на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам


Пристигнаа првите реакции на Европската унија на најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа.

Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на Гаспром е донесена „под лажни изговори“.

„Овој потег потврдува дека Гаспром е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“.

„Русија попрво би согорувала гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија согорува големи количини гас во еден од нејзините капацитети наместо да го користи за договорени испораки.