ЕУ ја викна на „пеглање“ руската амбасадорка


Каја Калас

Европската Унија официјално го повика рускиот претставник во Брисел како одговор на рускиот напад што сериозно ја оштети делегацијата на блокот во Киев.

„Ниту една дипломатска мисија не треба да биде цел“, изјави високата претставничка Каја Калас во четвртокот, објавувајќи ја својата одлука.

Вршителката на должноста амбасадор на Кремљ во ЕУ е Карен Малајан. Се очекува средбата со Калас да се одржи подоцна во четврток.

Во нападот со 629 ракети и беспилотни летала извршен преку ноќ, дел од кампањата на Москва за сеење терор и хаос, загинаа најмалку 17 лица, вклучувајќи четири деца, а десетици беа повредени, предизвикувајќи големи разурнувања низ целиот град.