Ердоган: И Хитлер би позавидел на геноцидните методи на Нетанјаху
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“.
Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, туку години пред тоа, како концентрационен логор.
Израелските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Ердоган да го споредува Нетанјаху со нацистичкиот лидер, што предизвика контра обвинувања дека тој самиот е виновен за геноцид.