Епл привремено го отстрани Телеграм од Епл Стор
Сиетл – Епл (Apple) привремено ја отстрани апликацијата за пораки Телеграм од Епл Стор (App Store) поради кршење на правилата на компанијата во врска со материјалот за сексуална злоупотреба на деца.
Телеграм доцна синоќа беше отстранет од продавниците за апликации за Ајфон (iPhone) и Ајпад ( iPad).
Во изјава за одредени американски медиуми, Епл објасни дека истрагата утврдила постоење на содржина на Телеграм што ги крши правилата на компанијата за забрана на материјал за сексуална злоупотреба на деца.
Во изјавата се наведува дека апликацијата е вратена во Епл Стор откако Телеграм веднаш ја отстранил предметната содржина и го блокирал корисникот што ја споделил.
Во објава на Икс за настанот Телеграм наведе: „Извештаите за мојата смрт беа многу претерани“.
На 30 јуни, Русија го додаде основачот и извршен директор на Телеграм, Павел Дуров, на својата листа на терористи и екстремисти.
Канцеларијата на комесарот за безбедност на интернет во Австралија, исто така, поднесе тужба против Телеграм поради тоа што не отстранил содржина поврзана со тероризам.