Џон Ретклиф ќе биде новиот директор на ЦИА, Стив Виткоф пратеник за Блискиот Исток


Џон Ретклиф

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека за нов директор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) ќе го именува поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција (ДНИ) Џон Ретклиф.

Покрај тоа, Трамп најави дека ќе го назначи инвеститорот и донатор на кампањата Стив Виткоф за свој специјален пратеник за Блискиот Исток, а секретарот на Белата куќа од првиот претседателски мандат на Трамп, Џозеф Мекингли, ќе биде нов советник во Белата куќа.

Трамп претходно најави дека ќе го назначи сенаторот од Флорида Марко Рубио за нов државен секретар, а републиканскиот пратеник Мајк Волц за советник за национална безбедност во новата администрација.