Две малолетни Русинки запалија 195 тони слама, сакале да снимат видео за ТикТок


Две девојчиња во Русија запалија речиси 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидувале да снимат видео за ТикТок.
Полицијата во раните утрински часови во саботата соопшти дека пожарот излегол од контрола откако биле запалени делови од сламата.

Во информацијата се вели дека изгореле 195 тони слама во рурална област недалеку од градот Перм, околу 1.200 километри источно од Москва.

Две ученички избегале откако не успеале да се справат со гаснењето на пожарот. По кратко време, тие ѝ признале на полицијата дека снимале видео за ТикТок кога се случил инцидентот.

Властите им рекле на девојчињата дека освен што предизвикале голема штета, тие ги ризикувале и своите животи обидувајќи се да го снимат видеото.