Дури 65 австриски матуранти заразени со корона вирус во Хрватска
Во текот на матурското патување на австриски матуранти во Хрватска, кое наводно резултирало со сексуално злоставување, вознемирување и расистички навреди, имало и инфекции со корона вирус, јавуваат австриските медиуми.
Организаторот на X-Jam за Австриската прес агенција АПА вчера потврди дека вкупно 65 учесници на матурското патување заразени се со корона. Кај двајца короната е утврдена уште додека траел X-Jam, а 63 добиле позитивни резултати по враќањето во Австрија.
X-Jam се одржуваше на полуостровот Лантерна кај Пореч од 26 јуни до 9 јули и беше затворен за сите оние кои не дошле таму на матурско патување. Владееле строги епидемилошки мерким, но сепак заразата не можела да се избегне.
Претседателот на управата на X-Jam, Александер Нехтбергер нагласи дека на забавата спроведени се повеќе од 30.000 тестови на корона, од кои 23.000 биле ПЦР тестови. САРС-Ков-2 е откриен кај двајца.