Драма на аеродром: Се судрија два авиона на пистата (видео)


На лондонскиот аеродром „Хитроу“ се случи инцидент кога два авиона се судрија на пистата, објави денеска Мирор.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на Вирџин Атлантик со крилото допира авион на Бритиш ервејс.

Боингот 787-9 на Вирџин го завршил летот и се движел кон делот од аеродромот каде се паркирани авионите, а во моментот кога се случил инцидентот немало патници.

„Вирџин“ започна истрага за причините за судирот, а авионот е надвор од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото.

Авионот на Бритиш ервејс бил во мирување во моментот на инцидентот и бил прегледан од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.

„Свесни сме дека еден од нашите празни авиони дојде во контакт со крилото на друг авион додека се движеше на паркингот Хитроу на Терминал 3. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет“, изјави портпаролот на Вирџин Атлантик.

Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на Јунајтед ерлајнс се судрија, а нема повредени.