Дипломатите должат 150.000 евра за сообраќајни прекршоци


 

Странските дипломати во Холандија лани заработиле сообраќајни казни во износ од повеќе од 300.000 евра.

Автомобилите со дипломатски таблички често се чинат недопирливи во сообраќајот, а понегокаш така и се однесуваат.

Обичаите речиси секаде во светот се исти, па дипломатите главно може да се извлечат без поголеми последици кога прават прекршоци.

За тоа сведочи примерот од Холандија. Имено, странските дипломати во таа земја иако имаат изречени повеќе од 300.000 евра вредни казни, сепак, бидејќи уживаат имунитет, не може да бидат казнети, па плаќањето е на доброволна основа.

Така, само 50 отсто од нив решиле да ја платат казната, односно наплатени се 150.000 евра, соопшти министерката за надворешни работи Сигрид Кааг. Тоа значи дека само за лани дипломатите должат 150.000 евра на државата.

Од 2019 година возачите со диппломатски регистарски ознаки во Холандија добиваат писмо во кое се наведува дека доброволно моќе да платат износ еднаков на паричната казна која полицијата ја издала, за на пример, непрописно паркирање, пречекорена брзина или неплаќање паркинг.

Од мај 2020 до април 2021 година, околу половина од дипломатите кои добиле такво писмо за своите сообраќајни гревови, платиле. Во споредба со 2019 година, бројот на сообраќајни прекршоци од дипломати намален е за 71,5 проценти, што значи нешто помалку од 8.000 прекршоци, додека во 2019 година имало 28.000 такви прекршоци.Падот се припишува на корона вируот, односно на локдаунот.