„Ден на теророт“: Војската уби повеќе од 90 граѓани во Мјанмар


Безбедносните сили во Мјанмар убија десетици граѓани на најсмртоносниот ден од минатомесечното воено преземање на власта. Светските медиуми го нарекеоа денешниот ден во Мјанмар „Ден на теророт“.

Здружението за помош на политички затвореници, локална надзорна група, забележа најмалку 91 смртен случај, вклучително и деца.

„Нè убиваат како птици и пилиња, дури и во нашите домови“, рече Ту Ја Зо жител од централниот град Мјингјан, за новинската агенција „Ројтерс“.

Смртоносните напади следеа додека демонстрантите им пркосеа на предупредувањата и излегоа на улиците на Денот на оружените сили.

Американските, британските и државниците на Европската унија го осудија насилството.

Најновите смртни случаи го зголемија бројот на убиени во сузбивањето на протестите во Мјанмар, од пучот на 1 февруари, на повеќе од 400.

Војската ја презеде контролата над државата во југоисточна Азија по изборите на кои победи партијата на Националната лига за демократија.