Демократии во опасност


НГЕИР ВУДС

Со ненадејното одземање на специјалниот, уставно заштитен статус на Џаму и Кашмир, Индија стана најновата голема демократија која дејствува против малцинската заедница за краткорочна политичка популарност. Оттука, Кашмир ќе биде управуван директно од владата во Њу Делхи, а хинду-националистите се воодушевени. Внимателно одржуваните уставни аранжмани се во парчиња.

Во меѓувреме, во Велика Британија премиерот Борис Џонсон се обврза да ја напушти Европската Унија со или без договор за границата меѓу Северна Ирска управувана од Британија и Република Ирска. Неговата тврда позиција целосно ја игнорира загриженоста на конституентите на Северна Ирска. Тој е насочен кон собирање на неговата англиска база за „Брегзит“, дури и ако тоа значи загрозување на кревкиот мир и просперитет во Ирска.

Во друга голема демократија во светот, претседателот Доналд Трамп ги заостри односите на Америка со Мексико и другите соседи во Централна Америка и ја собра својата база со повеќекратно демонизирање на Хиспанците. Американската шпанска заедница сега плаќа огромна цена за таквата реторика, за што сведочи масакрот во Ел Пасо, Тексас, овој месец.

Уништувањето на долгогодишната заштита на малцинските заедници е дел од поширокиот тренд во демократиите ширум светот. Три загрижувачки карактеристики се издвојуваат. Прво, политичарите го намалуваат „јавниот плоштад“ и можноста на граѓаните да расправаат, демонстрираат и дебатираат без закана од насилство. Политичките лидери ги продлабочуваат социјалните поделби со тоа што ќе ја наметнат поделбата „ние“ против „нив“ во кој се вклучени странци, соседи, имигранти, малцинства, печатот, „експерти“ и „елитата“.

Во Индија, групите за човекови права ја обвинија владејачката партија Баритија џаната (БЈП) на Моди за создавање „клима на неказнивост“ за гневните толпи. Во Америка, многумина веруваат дека Трамп го прави истото, посочувајќи, на пример, на неговиот расистички мета-твит насочен кон четири обоени демократски конгресменки. За време на кампањата за референдум за „Брегзит“ во Велика Британија, корисниците на Фејсбук беа цел на постови кои сугерираа дека со останувањето во ЕУ Велика Британија ќе биде ранлива да прими 76 милиони турски имигранти. Едно неодамнешно истражување сугерира дека има вознемирувачко зголемување на расно мотивираната злоупотреба, дискриминација и напади врз Британците кои се етничко малцинство.

Второ, откако ја освоија власта преку демократски избори, овие лидери бараат да ги ослабнат независните институции и проверки на извршната власт. На пример, Трамп се повика на моќта за национална итност за вонредни состојби за да обезбеди средства за неговиот ѕид на границата на САД со Мексико. Џонсон одбива да го отфрли планот за суспендирање на парламентот со цел да го испорача „Брегзит“, додека неговиот главен советник Доминик Камингс ја опишува постојаната државна служба на Велика Британија како „идеја за книгите во историјата“. Во Индија, еден член на БЈП ја обвини владата на Моди дека „ги поткопува“ уставните институции во Индија, вклучувајќи ги Врховниот суд, Националната истражна агенција, Централната банка и Изборната комисија.

Со злоупотребата на овластувањата за вонредни состојби или извршните наредби, заобиколувањето на парламентот и владините агенции и ослабувањето на судската независност и „судиите“ кои обезбедуваат политичките лидери да играат по нивни правила, поверојатно е дека владините одлуки нема да ги балансираат интересите на сите граѓани. Овие напади врз независноста на институциите ги оставаат малцинствата особено ранливи.

Конечно, постои ризик политичката моќ во светските демократии да се персонализира. Покровителство, лично влијание и услуги се користат за создавање лојалност кон водачот; а оние што не се повинуваат се малтретирани во институциите или се произволно отпуштени. Политичките лидери исто така прават сè похрабри обиди да ги натераат медиумите и деловната заедница да останат во тишина, или да ги кооптираат со нудење посебни привилегии.

Навистина, девет функционери поднесоа оставки или беа разрешени од кабинетот на Трамп од 2017 година, а претседателот редовно користи Твитер (па дури и претседателски помилувања) за да ја награди лојалноста или да ги малтретира оние што паѓаат во немилост. Во Велика Британија нападите на „брегзитерите“ врз државните службеници во Велика Британија кои водеа преговори со ЕУ станаа толку агресивни како што е многу необичната јавна изјава од вршителот на должноста секретар на кабинетот (кажувајќи им на одговорните дека треба да се „срамат од самите себеси“). Кога Џонсон стана премиер, 17 министри беа „исчистени“ и од новите членови на владата се бара да ветат поддршка за неговата цел да ја напушти ЕУ на крајот на октомври.

Персонализацијата на моќта ги заменува формалните и фер процеси со дискрециски одлуки и услуги. Тој го еродира демократскиот принцип дека сите граѓани – вклучително и шефот на државата – се предмет на владеење на правото и дека политичарите ја практикуваат делегираната моќ, а не личниот авторитет.

Многу гласачи изразија бес од постапките на Моди, Џонсон и Трамп. Но, многу други демократии, исто така, се во неволја. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на Филипините, Родриго Дутерте и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сите се обвинети за неуставно однесување. Како и да е, секој од нив продолжува да поттикнува поделби, да ослабува независни институции и да ги игнорира отворените судири на интереси, во многу случаи со членовите на семејството.

Засрамувањето на таквите лидери е малку веројатно за да ги сменат нивните постапки. Сите тие практикуваат благо да ги отфрлаат грешките и да ги намалат изјавите за минатото, судирот на интереси, тврдењата за корупција, лажењето и измамата и неправилното работење.

Наместо да се потпираат на гнев, демократите ширум светот треба строго да ги применуваат правилата што ја спречуваат персонализацијата на власта, истовремено бранејќи ги институциите што ги штитат поединците и малцинствата. На државните службеници не треба да им се дозволува да ја користат својата канцеларија за да се изолираат од одговорност – преку грантови на имунитет или претседателски помилувања за да им бидат од полза на пријателите и членовите на семејството – или да кријат докази за нивното незаконско однесување. Сите ние мора да инсистираме на јасни и неповредливи стандарди на транспарентност во однос на приватните интереси на оние кои се на јавна функција.

Индија, Велика Британија и Америка се на свој начин „модел“ демократии: Индија е најголема, Велика Британија има „модел на Вестминстер“, а Америка има извонреден устав. Во секоја од овие големи демократии, малцинствата се под напад, како и конвенциите што ја ограничуваат извршната власт. Граѓаните во секоја земја треба да разберат дека ако не ги бранат институциите што ги штитат малцинствата денес, тие самите може да бидат под напад утре.

(Авторката е декан на Школата „Блаватник“ на Универзитетот во Оксфорд)