Данска откри опасно истекување гас од Северен ток 2
Данските поморски власти јавија дека забележале истекување гас кое е опасно за бродскиот сообраќај во гасоводот кој води од Русија во Европа, под Балтичкото Море.
Оператерот на Северен ток 2 потврди дека е откриено истекување југоисточно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море.
Портпаролот на Северен ток 2 рече дека рано во понеделникот откриен е губиток на притисокот во цевката и дека одговорните поморски власти во Германија, Данска, Шбедска, Финска и Русија веднаш се известени, јави новинската агенција ДПА.
НАТО почна вежби на воздушните сили во Балтичкото Море
Група држави, членки на НАТО, почнаа со дводневни воени веѓби во Балтичкото Море. Во вежбите учествуваат воздупните сили на Обединетото Кралство, Унгарија, Германија, Италија, Турција, Естонија, Литванија, Латвија и Чешка.