Црвениот ќилим на 93. Оскари: Експлозија на бои (галерија)


САД– Гламурот на Оскарите 2021 и во услови на пандемија не не разочара. Црвениот килим на доделувањето на најпрестижните филмски награди беше во знакот на сите бои, а речиси сите актерки за оваа најважна филмска ноќ избраа, елегантни кроеви, со дозиран сексапил.

Андра Деј во Вера Ванг

Црвениот килим на Оскарите што се пренесуваше во живо истовремено од „Долби театарот“ и од железничката станица „Јунион стејшн“ во Лос Анџелес, имаше дрес-код на облекување пропишан од Академијата. На презентерите, номинираните плус еден гостин  на кои им беше дозволено физичко присуство -им беше забрането да носат тренерки или пижами како што можеа за другите настани на црвениот килим во изминатата година.

Аманда Сејфрид во Армани Приве

Еве зошто црвениот килим на најголемата филмска ноќ е и најважна модна писта во светот.

Глен Клоуз
Хали Бери во Долче и Габана со нова боб фризура
Кери Малиган во Валентино
Лора Дерн во Оскар де ла Рента
Марго Роби во Шанел
Марија Бакалова во Луј Витон
Оливија Колман во Диор од студиото во Лондон
Рис Витерспун во Диор
Вајола Дејвис во Александер Меквин
Зендаја во Валентино
Ангела Бесет во Алберта Ферети
Колест со чантичка во вид на срце