Човечко срце како моден додаток: Селест Вајт со најуникатна чанта на Оскарите


САД– Во мноштвото прекрасни тоалети и дијамантски накит на црвениот ќилим на 93. Оскари во Лос Анџелес, една чанта со облик на човечко срце се издвојуваше по својата уникатност и вредност.

Ја носеше музичката уметница Селест Вајт. Срцето од дијаманти е од колекцијата Арија на Гучи за сезоната 2021. Вајт ја искомбинира со необична црно-црвена тоалета, исто така од Гучи.