Четворица загинати, седуммина исчезнати при експлозии во полски рудник за јаглен
Најмалку четири лица загинаа, а седум се водат како исчезнати, при две наводни експлозии на гас во рудник за јаглен во јужна Полска, соопшти компанијата која стопанисува со рудникот.
– Дваесет и едно лице се ранети. Не можеме да воспоставиме врска со осум лица кои работеа таму, изјави раководителот на рударската компанија JSW, Томаш Кудни за локалните медиуми.
Во моментот на експлозијата во рудникот работеле 42 лица, а 21 од нив се пренесени во болница.
Тринаесет тимови спасувачи работат на извлекување на рударите, но во моментот потртагат е прекината со цел прашината да се слегне и да не се направи поголема штета, пренесе Ројтерс.
Психолози работат со семејствата на загинатите и ранетите.