Честитка на Заев за Курбан Бајрам: Да ги негуваме солидарноста и грижата кон другите како наш заеднички влог

– Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите. Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник, истакнува во честитката премиерот Заев, со желби за многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови.