Британски министер: Ќе дадеме вакцини на другите кога ќе ги вакцинираме нашите возрасни граѓани

Британскиот министер за стопанство и индустрија Кваси Квартенг рече дека Британија е посветена на вакцинирање на полнолетната популација, пред да подели вишок вакцини на други земји, како Ирска.
„Мислам дека треба да се фокусираме на заштита на Британија. Сакаме да соработувме со други земји, но главен приоритет е нашиот проект на имунизација“, рече Квартенг, пренесе Ројтерс.
„Ако имаме вишок дози вакцини, тогаш ќе ги поделиме. Но, во моментот нема вишок. Сè уште имаме луѓе кои треба да се вакцинираат“, додаде тој.