Бразил со рекорден број мртви од Ковид-19 – 3251
Бразил во вторникот имаше рекорден број 3.251 смртни случаи поврзани со Ковид-19, а жителите ширум земјата со лонци правеа бука додека на телевизија им се обраќаше претседателот Жаир Болсонаро, бранејќи го својот одговор на пандемијата.
Новиот рекорден број мртви во 24 часа покажува до која мерка пандемијата во Бразил е надвор од контрола, што поради конфузното воведување вакцина, што поради невоедначени здравствени рестрикции, а тоа доведе до пренатрупаност на болниците.
Болсонаро е под се поголем притисок на да ѝ стави крај на пандемијата, откако упорно се минимизира значењето на вирусот, се изразува сомнеж во вакцините и се опонира на мерките кои ги носат другите држави и на локално ниво.
Во телевизското обраќање Болсонаро рече дека неговата влада никогаш не била неуспешна во освојување на мерките во борба против пандемијата и нагласи дека 2021 година ќе биде година на вакцинација.
Но, во градовите ширум Бразил гласното удирање по лонци се слушаше додека тој зборуваше, затоа што жителите се огорчени од неговото управување со пандемијата поради која починаа речиси 300.000 луѓе.
Земјата со 212 милиони жители има 298.676 мртви на 12,1 милион инфицирани.
Во апсолутни бројки Бразил е втора најпогодена земја на светот од вирусот, по САД.
Досега, околу 2,6 отсто Бразилци примија вакцина во две дози, додека една примиле 7,6 отсто.
Регионалната директорка на Светската здравствена организација за Америка, Катиса Етјен во вторникот рече дека вирусот опасно се шири по Бразил и ги повика граѓаните да ги усвојат мерките за превентива од вирусот, за да се заштитат.