Белгија воведува нов локдаун на четири недели, Полска со рекорден број инфекции


Брисел, Белгија

Белгија ќе воведе нови ограничувања за заклучување, затворање на училишта, фризери и несуштински продавници, објави во средата весникот „Ле Соар“.

Училиштата повторно ќе се отворат по паузата за Велигден на 19 април, пишува весникот.

Ограничувања на несуштинските услуги за малопродажба и блиски контакти, како што се козметички салони, ќе бидат во сила до 25 април.

Во Послак, пак, денеска е регистриран највисок број заболени од корона вирусот од почетокот на епидемијата – 29.978. Земјата исто така забележа 575 смртни случаи поврзани со корона вирусот, што е најголем број во 2021 година. Ова го искачи вкупниот број на смртни случаи на над 50.000.