Трамп со изненадувачка поддршка од латиноамериканците и не-белците


Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп доби изненадувачка поддршка меѓу латиноамериканските и другите не-бели гласачи, но изгуби поддршка од белците и постарите лица, покажаа анкетите на „Едисон рисрч“. Трамп ги освои Флорида и Тексас делумно поради новата поддршка од латино-гласачите. На Флорида, Трамп и Бајден ги поделија гласовите на латиноамериканците, покажаа излезните анкети. Во 2016 …

Трамп со изненадувачка поддршка од латиноамериканците и не-белците Read More »

Зејнел и Османи нови директори на Институтот за белодробни заболувања и Клиника за ревматологија


Нов директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ е д-р Суад Зејнел од Клиниката за пулмологија, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за ревматологија, информира денеска Министерството за здравство. Зејнел и Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев, кои досега раководеа со овие клиники. Од Министерството …

Зејнел и Османи нови директори на Институтот за белодробни заболувања и Клиника за ревматологија Read More »

Продолжува броењето гласови и неизвесноста во САД


Во САД продолжува пребројувањето на гласовите во неколку клучни држави, а како што наведува Си Ен Ен вниманието е насочено кон Средниот Запад – Пенсилванија, Џорџија, Мичиген, Северна Каролина и Висконсин. Според тврдењата на телевизијата Фокс њуз, Доналд Трамп во овие држави има предност, но врз основа на се уште нецелосни податоци. Телевизијата наведува дека …

Продолжува броењето гласови и неизвесноста во САД Read More »

Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет


 Делата како што е творештвото на Марко Цепенков покажуваат дека македонскиот народ не е никаква комунистичка творба туку сосема нормално се развивал во согласност со сите законитости и модели на развој на балканските народи, европските народи, и во одредени услови и конституирал својата држава. Безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното …

Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет Read More »

Барањето на Трамп да престане броењето на гласовите оценето како безобразно


Шефицата  на кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден, Џен О’Мали Дилон истакна дека прогласувањето на победа од страна на претседателот Доналд Трамп и барањето да престане броењето на гласовите е „безобразно, невидено и неточно“. – Изјавата на претседателот да се стопира пребројувањето на гласовите е безобразна, невидена и неточна. Никогаш претходно во нашата историја претседател …

Барањето на Трамп да престане броењето на гласовите оценето како безобразно Read More »

Анегрет Крамп-Каренбауер: Ситуацијата во САД е експлозивна


Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави денеска дека ситуацијата во САД по изборите е „експлозивна“, изразувајќи загриженост дека тоа би можело да доведе до уставна криза. – Ова е многу експлозивна ситуација. Таа може да доведе до уставна криза во САД, како што тврдат експертите. И тоа е нешто кое мора да предизвика голема …

Анегрет Крамп-Каренбауер: Ситуацијата во САД е експлозивна Read More »

Малинка Ристевска: Се бара спас за бугарскиот образ


Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ) смета дека Бугарија наметнува пристап во кој процесот на пристапување би го претворила во процес на промена на идентитетот. Вели дека ние мораме да бидеме и цврсти и јасни дека сме подготвени за објективен процес на исполнување стандарди за пристапување во ЕУ, но не и за …

Малинка Ристевска: Се бара спас за бугарскиот образ Read More »

Заев денеска ќе разговара со Меркел


Премиерот Зоран Заев денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорот е дел од дипломатските напори на Берлин за цел приближување на ставовите на Скопје и Софија со цел одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ и официјален старт на преговорите на Северна Макеоднија за време на германското претседателство, по најавите за вето од …

Заев денеска ќе разговара со Меркел Read More »

Дел од весниците во Европа и САД за изборите во САД


„Овој спектакл нема да биде вознемирувачки ако демократијата не беше во основата на тензиите, изострено до крајност“. Ова е насловот на статијата во францускиот весник „Монд“ за претседателските избори во САД, каде што се уште трае пребројувањето на гласовите. Добрата вест за оваа кампања е веројатно вонредната мобилизација на американското гласачко тело и ова може …

Дел од весниците во Европа и САД за изборите во САД Read More »

Хаг повторно апси во Приштина


Обвинителството за злосторства на ОВК во Хаг во моментов спроведува операција во Приштина, во соработка со ЕУЛЕКС и косовската полиција, изјави утрово портпаролот на обвинителството, Кристофер Бенет. – Операцијата на Специјалното обвинителство во Приштина е во тек. Операцијата на Специјалното обвинителство се спроведува со поддршка на косовската полиција и Европската мисија за владеење на правото на Косово …

Хаг повторно апси во Приштина Read More »

Бајден победува во Аризона и Мејн


Поранешниот потпретседател и кандидат на демократите за претседател на изборите, Џо Бајден победи во Аризона, и добива 11 изборни гласа во една од клучните држави во трката за претседателската функција, според проекции на американски медиуми. Бајден е првиот демократ што ја „освоил“ Аризона, која Трамп ја освои со 3,5 отсто во 2016 година, од 1996 …

Бајден победува во Аризона и Мејн Read More »

Филипче: Маската штити од вируси и од загадување


На отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт маската штити од трансмисија на вирусот, но кога се спортува маска не треба да се носи, објаснува министерот за здравство Венко Филипче. -Заштитната маска, штити сега и во ладното време кога треба секој да …

Филипче: Маската штити од вируси и од загадување Read More »

Бугарски размислувања: Какви ќе бидат придобивките за Бугарија од членството на Македонија во ЕУ?


Заканите за вето на преговорите на Македонија со ЕУ ги разбудија и различните гласови во Бугарија кои ваквата политика на актуелната влада ја сметаат за апсурдна и самоубиствена. Еве еден од нив: „Повторно за последните 29 години сведоци сме на тензии и сериозни политички расправии меѓу Софија и Скопје. Сепак, нашата надворешна политика не може …

Бугарски размислувања: Какви ќе бидат придобивките за Бугарија од членството на Македонија во ЕУ? Read More »

Затворени угостителски објекти во Аеродром и Гази Баба поради непочитување на мерките


Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус констатирале дека два угостителски објекта, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението …

Затворени угостителски објекти во Аеродром и Гази Баба поради непочитување на мерките Read More »

Докторка бара со налог да се затвори ковчегот на Амфилохие


Лекарката на Клиничкиот центар на Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од претседателот на Националното координативно тело (НКТ) да издаде наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохие, проценувајќи дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е легло на зараза, пренесува Радио Слободна Европа. – Не знам колку сте моќни, но знам дека …

Докторка бара со налог да се затвори ковчегот на Амфилохие Read More »

Нуредини: Мораме да го смениме начинот на кој ги загреваме зградите и домовите


Земајќи го предвид фактот дека Скопје е во котлина и со познатите метеоролошки услови кои ја ограничуваат дисперзијата на емисиите и ги олеснуваат хемиските реакции со кои се создаваат секундарни честички, ќе продолжиме да се соочуваме со смог додека не го смениме начинот на греење, не ја модернизираме мобилноста и не ги контролираме подобро индустриските …

Нуредини: Мораме да го смениме начинот на кој ги загреваме зградите и домовите Read More »

Во вторник, Американците ќе гласаат и за волци, халуцигени печурки, ловци на глави…


Паралелно со парламентарните и претседателските избори, американските гласачи во вторник ќе гласаат на серија локални референдуми за иднината на возачите на Убер, сивите волци и калифорниските ловци на глави. По големите антирасистички протести оваа пролет, пратениците од Мисисипи одлучија да се ослободат од симболот на конфедералните трупи, поборниците за ропство и сецесионистите, кој сè уште …

Во вторник, Американците ќе гласаат и за волци, халуцигени печурки, ловци на глави… Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини за Филипче да си даде оставка


ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш побараа оставка од министерот за здравство, Венко Филипче, веднаш по рекордниот број на заразени – 1085. Токму толку причини, како што велат од опозицијата, постојат за Филипче да си поднесе оставка. „Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина.Непостапувањето …

ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини за Филипче да си даде оставка Read More »

Директорот што бараше донации на Фејсбук ќе добие амбулантно возило


Откако директорот на струмичката болница преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, се огласи пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов. Тој напиша на Фејсбук дека владата обезбедила возило за струмичката болница и дека тоа ќе пристигнело за два месеци. „ Во оваа пандемија, клучот е да бидеме одговорни и во интерес на граѓаните да делуваме …

Директорот што бараше донации на Фејсбук ќе добие амбулантно возило Read More »

Mајка и три деца спасени од под урнатините во Турција


Од под урнатините на зграда во турскиот град Измир, кој беше најмногу погоден од вчерашниот силен земјотрес, беа извлечени мајка и нејзините три деца. Мајката и нејзините деца поминале цели 23 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија. Спасувачките екипи се обидуваат да извлечат уште едно од нејзините деца, прецизира агенцијата. Додека спасувачите ги …

Mајка и три деца спасени од под урнатините во Турција Read More »