Анегрет Крамп-Каренбауер: Ситуацијата во САД е експлозивна

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави денеска дека ситуацијата во САД по изборите е „експлозивна“, изразувајќи загриженост дека тоа би можело да доведе до уставна криза.

– Ова е многу експлозивна ситуација. Таа може да доведе до уставна криза во САД, како што тврдат експертите. И тоа е нешто кое мора да предизвика голема загриженост, порача Крамп-Каренбауер.

Во САД се одржаа претседателски избори, на кои се избира меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, но се избираат и членови на Претставничкиот дом и 35 членови на Сенатот.

Гласањето е завршено, гласачките места се затворени, но во голем број избирачки места победникот се уште е непознат, па новиот американски претседател би можел да биде прогласен дури за неколку денови.