Зејнел и Османи нови директори на Институтот за белодробни заболувања и Клиника за ревматологија


Нов директор на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ е д-р Суад Зејнел од Клиниката за пулмологија, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за ревматологија, информира денеска Министерството за здравство.

Зејнел и Османи доаѓаат на местата на д-р Арбен Љабеништа и д-р Филип Гучев, кои досега раководеа со овие клиники.

Од Министерството посочуваат дека до крајот на неделава се очекува да бидат именувани нови директори и во Центарот за јавно здравје, клиниките за кардиологија, за токсикологија и за детски болести, како и на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле