Филипче: Маската штити од вируси и од загадување

На отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт маската штити од трансмисија на вирусот, но кога се спортува маска не треба да се носи, објаснува министерот за здравство Венко Филипче.

-Заштитната маска, штити сега и во ладното време кога треба секој да внимава на своето здравје заради тоа што сакаме да ги заштитиме болниците дури и од пациенти коишто би дошле на преглед и за обични настинки. Штити од загадувањето, има докази и публикации каде што ПМ 10 честичките помагаат да вирусот патува подолго од вообичаените 1-1,5 метри нормално со флигиовите капки при близок респираторен контакт и тоа е нешто што исто така штити од трансмисија на вирусот. Значи ова не е случајно препорачано, не се случајно избрани ниту исклучоците кога се спортува секако на дистанца, кога човек е сам во моторно возило или се членови на неговото семејство. Значи тоа се мерки кои се имплементираат во цела Европа, потенцираше Филипче во синоќешното интервју за ТВ Сител.

Филипче истакна дека граѓаните треба да се свесни, да ги почитуваат мерките затоа што така го штитат и сопственото здравје и здравјето на луѓето околу нив. Доколку се спортува и имате забрзано дишете тогаш маската го отежнува дишењето, но при обична прошетка кога има можност при влегување во некоја група на луѓе, сретнување со луѓе добро е и препорачано е маската да се носи.