Во вторник, Американците ќе гласаат и за волци, халуцигени печурки, ловци на глави…

Паралелно со парламентарните и претседателските избори, американските гласачи во вторник ќе гласаат на серија локални референдуми за иднината на возачите на Убер, сивите волци и калифорниските ловци на глави.

По големите антирасистички протести оваа пролет, пратениците од Мисисипи одлучија да се ослободат од симболот на конфедералните трупи, поборниците за ропство и сецесионистите, кој сè уште го красеше знамето на таа јужна држава. Формирана е комисија која направи ново знаме, украсено со магнолија, друг симбол на Мисисипи. Гласачите мора да го потврдат овој избор или да побараат промена на знамето.

Најмалата од 50-те сојузни држави во САД е официјално наречена „Држава на Род Ајленд и Плантажи на Провиденс“. Името го добила според двете најстари колонијални населби – плантажата Провиденс, основана од протестантскиот водач Роџер Вилијамс во областа каде денес се наоѓа градот Провиденс и колонијата на островот Род, населба во близина на денешен Њупорт на островот Аквиднек. Гласачите одбија да го скратат името во 2010 година заради избегнување на споменување на двете колонии сопственици на робови, па сега повторно им се поставува прашањето.

Гласачите во Калифорнија, двигател на новата економија, по првпат ќе одговорат на прашањето поврзано со иновациите во Силиконската долина: дали возачите Убер и Лифт се вработени или самостојни работници? Гигантите во оваа област инвестираа скоро 200 милиони долари за да преовладаат нивните ставови за го укинат законот усвоен во јануари, кој ги принудува да плаќаат минимална плата и бенефиции за одмор и невработеност на своите „вработени“.

Исто така, ќе се гласа и за замена на системот за пуштање на слобода со кауција преку системот за проценка на ризик на една личност. Ова предизвикува главоболки на целиот економски сектор поврзан со гаранции (заемодаватели, ловци на глави …)

Осум држави и градот Вашингтон веќе им дадоа право на платено боледување на своите граѓани, но без референдум. Колорадо сега бара поддршка од населението за правото на боледување од 12 недели со воведување нов данок на плата.

Доколку гласачите во Колорадо одговорат позитивно на предлогот, Комисијата за паркови и диви животни ќе мора да подготви план до 2023 година за враќање на сивите волци во државата, кои ги нема од 40-тите години на минатиот век.

Како и другите пред нив, гласачите во Аризона, Монтана, Њу Џерси и Јужна Дакота ќе гласаат за легализација на марихуаната за рекреативни цели во нивната држава. Многу конзервативната држава Мисисипи засега предвидува употреба на марихуана само во медицински цели, доколку гласачите ја прифатат.

Жителите на Орегон ќе одлучат дали некои халуциногени печурки можат да се користат за лекување на ментални болести како што е депресијата, а гласачите во Вашингтон би можеле да ја декриминализираат нивната употреба.

Гласачите во Луизијана би можеле да го потврдат амандманот на уставот на нивната држава кој гласи: „За да се заштити човечкиот живот, ништо во овој устав не може да се толкува како овозможување или заштита на правото на абортус или наметнување финансирање на абортус“. Таа држава од т.н Библиски појас се подготвува за можен пресврт во Врховниот суд на САД, кој во 1973 година донесе одлука дека американските жени имаат право на абортус. Американскиот претседател Доналд Трамп го постави својот трет кандидат во тој суд, што ги зголеми надежите во конзервативните кругови дека ќе има промени во однос на ова прашање.