Мартенс: Бугарија прави се да ја изгуби Македонија како пријател


Михаел Мартенс, авторот на интервјуто со бугарскиот премиер Бојко Борисов за германски Франкфуртер Алгемајне Цајтунт (ФАЦ), на својот Твитер профил напиша дека Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците. „Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, …

Мартенс: Бугарија прави се да ја изгуби Македонија како пријател Read More »

Бугарија станува проблематична членка на ЕУ


Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување на повеќе медиуми, со што треба да се прикријат постапките на политичарите. Ова за „Фајненшл тајмс“ го вели Симеон Ѓанков, министер за финансии во првата влада на Бојко Борисов (2009-2013), веднаш откако Бугарија стана членка на …

Бугарија станува проблематична членка на ЕУ Read More »

Борисов: Бугарските комунисти и сталинистичка Москва ги претвораа Бугарите во Македонци


Коментирајќи зошто Бугарија става вето на отворањето на разговорите со ЕУ за Северна Македонија, бугарскиот премер Бојко Борисов за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг порача дека виновни за тоа се „бугарските комунисти“ и „сталинистичка Москва“, бидејќи тие се обиделе Бугарите да ги претворат во Македонци насилно по Втората светска војна. Во интервјуто Борисов зборува и за позицијата …

Борисов: Бугарските комунисти и сталинистичка Москва ги претвораа Бугарите во Македонци Read More »

Борисов: Не сакам веќе да видам жена


Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, во денешното интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека „црниот пазар за компромитирање “ и неговите противниците го наместиле пред изборите со фамозната фотографија на која спие покрај пиштол и куп пари, а за која беше објавено дека ја направила жена која спиела со него. „Сликите од мојата спална соба …

Борисов: Не сакам веќе да видам жена Read More »

Франција ќе го поддржи создавањето заеднички регионален пазар


Париз преку Француската агенција за развој (ФРА), ќе го поддржи проектот за формирање заеднички регионален пазар на Запaден Балкан усвоен на Самитот на Берлинскиот процес во Софија, со кој годинава прв пат, заеднички копретседаваа една земја членка на ЕУ и земја кандидат за членство – Бугарија и Северна Македонија, вели францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер за …

Франција ќе го поддржи создавањето заеднички регионален пазар Read More »

Џихадистите егзекутирале 43 земјоделци во Нигерија


Најмалку 43 земјоделци вчера се убиени во нападот на џихадистите од Боко харам во североисточна Нигерија. – Пронајдовме 43 безживотни тела и шест лица тешко повредени, соопшти нигериската полиција. Осум земјоделци се водат како исчезнати и се претпоставува дека се киднаприрани од припадниците на џихадистичката група. Нападот се случил во оризово поле на 10 километри …

Џихадистите егзекутирале 43 земјоделци во Нигерија Read More »

Протести пред резиденцијата на Нетанјаху


Околу илјада луѓе синоќа протестираа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка. Протести со барање за оставка на Нетанјаху бидејќи му се суди за корупција и поради неговото справување со кризата настаната поради пандемијата со Ковид-19, изминатите шест месеци се организираат еднаш неделно. По рестикциите што двапати беа во сила во Израел, …

Протести пред резиденцијата на Нетанјаху Read More »

Скопјанец на возраст од 31 година жртва на Ковид 19


Пациент од Скопје на возраст од 31 година е најмладиот кој во последниве 24 часа ја изгуби битката со новиот коронавирус. Како што информираше Министерството за здравство, во изминатото деноноќие починаа вкупно 41 пациент со компликации од ковид-19. Од нив 17 се од Скопје и тие се на возраст од 31 до 98 години.Животот го …

Скопјанец на возраст од 31 година жртва на Ковид 19 Read More »

Заев до Каракачанов: Доста беше омраза


Премиерот Зоран Заев конечно се најде испровоциран од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој со навреди и омаловажувања кон Македонија прави рејтинг во Бугарија. На својот ФБ профил тој го повика Каракачанов да престане со говорот на омраза.   „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој …

Заев до Каракачанов: Доста беше омраза Read More »

Србија возврати, го протера црногорскиот амбасадор во Белград


Министерството за надворешни работи на Србија соопшти вечерва дека, по повод прогласувањето на српскиот амбасадор во Црна Гора Владимир Божовиќ за персона нон грата, пристапиле на реципрочен начин. Според дипломатската нота која МНР на Србија ја упатило до црногорското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен исто така …

Србија возврати, го протера црногорскиот амбасадор во Белград Read More »

Максим Димитриевски бара извинување за шовинистичките изјави на Каракачанов


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски од СДСМ преку Фејсбук бара бугарскиот премиер Бојко Борисов да се огради од изјавата на вицепремиерот Красимир Каракачанов, кој по интервјуто на премиерот Зоран Заев рече дека „според стара бугарска изрека, на Бугаринот умот му доаѓа идниот ден, така и на колегата Заев“. Во спротивно Димитриевски бара да прекинат разговорите со …

Максим Димитриевски бара извинување за шовинистичките изјави на Каракачанов Read More »

Ангел Димитров се плаши дека интервјуто на Заев е само политичка игра


Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес може да е игра на политичката сцена, смета шефот на бугарскиот тим од комисијата на  историчарите, Ангел Димитров. Во изјава за бугарското национално радио, Димитров вели дека за да се земе кажаното како сериозно, треба да има и нешто посериозно, како меѓународно-правен документ. „Тоа што …

Ангел Димитров се плаши дека интервјуто на Заев е само политичка игра Read More »

Именуван првиот Афроамериканец за кардинал на Римокатоличката црква


 Папата Франциск денеска во Ватикан именува 13 црковни високодостојници на Римокатоличката црква, еден од нив е Вилтон Грегори, надбискуп на епархијата на Вашингтон, округ Колумбија, јави Ен-би-си њуз. Тој е првиот Афроамериканец во историјата на САД именуван на една од највисоките црковни служби во Католичката црква. Бискупот Грегори (72) е роден во Чикаго, каде го …

Именуван првиот Афроамериканец за кардинал на Римокатоличката црква Read More »

Тетово, Куманово и Кавадарци во „црвено“ со загадувањето, Владата препорача мерки


Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на  воздухот, прагот на алармирање за PM10  загадувачки супстанции  е надминат на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци. Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна …

Тетово, Куманово и Кавадарци во „црвено“ со загадувањето, Владата препорача мерки Read More »

ОН повикува на воздржаност по убиството на „таткото“ на иранското нуклеарно оружје


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереро повика на воздржаност по убиството на иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фахризадех, познат како „таткото“ на иранската тајна програма за нуклеарно оружје. -Видовме извештаи дека ирански нуклеарен научник е убиен во близина на Техеран. Повикуваме на воздржаност и укажуваме на потребата да се избегнат какви било активности што може да …

ОН повикува на воздржаност по убиството на „таткото“ на иранското нуклеарно оружје Read More »

Во следните три недели во САД од Ковид-19 може да умрат 60.000 лица


Во САД вчера беа пријавени над 160.000 нови случаи на инфицирани со коорнавирус, а дополнително умреа уште 1.367 лица. -Ние се приближуваме кон она што го доживеавме за време на пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, освен што сега се случува за многу пократок временски период, изјави д-р Питер Хотез, декан на Националното училиште …

Во следните три недели во САД од Ковид-19 може да умрат 60.000 лица Read More »

МНР го осуди скрнавењето на споменикот за жртвите од потонувањето на бродот “Илинден”


 Министерството за надворешни работи на  Македонија најостро го осуди вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид посветен на  жртвите од трагичната несреќа со бродот “Илинден” во 2009 година, во која настрадаа бугарски туристи. -Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме …

МНР го осуди скрнавењето на споменикот за жртвите од потонувањето на бродот “Илинден” Read More »

ВМРО-ДПМНЕ протестираше низ Македонија


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во интервјуто за БГНЕС. Антонијо Милошоски од протестот во Велес го повика премиерот Зоран Заев  да поднесе оставка, а потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски на протестот во Куманово порача дека никој не смее да тргува со …

ВМРО-ДПМНЕ протестираше низ Македонија Read More »

Стружанец го врати бугарскиот пасош поради политиката на Софија


Стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство револтиран од последната политичка ситуација. Тој бугарскиот пасош и патните исправи ги испрати по пошта од едно од нивните претставништва во нашата земја.   Јолески тврди дека пасошот кој го извадил во 2003 година  му бил потребен од егзистенцијални причини, но сега кога Македонија е уценета и …

Стружанец го врати бугарскиот пасош поради политиката на Софија Read More »

Грчката влада стави крај на профитерството со тестовите за Ковид


За спречување на профитерство, грчката Влада воведува плафон за цените на тестовите, како за ПЦР така и за брзите, кои не смеат да бидат поскапи од 40, односно 10 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи Панајотис Стамбулидис на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството …

Грчката влада стави крај на профитерството со тестовите за Ковид Read More »