Заев бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да му откажат послушност на Мицкоски


Премиерот Зоран Заев вечерва на Фејсбук оцени дека обидите да се блокира работата на Собранието во услови на светска пандемија е опасно, срамно и неодговорно однесување. Ги повика пратениците од опозицијата да го преиспитаат својот став.   – Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат …

Заев бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да му откажат послушност на Мицкоски Read More »

Владата бара продолжување на кризната состојба, скијачките центри ќе работат


Владата  на денешната седница го усвои предлогот да се побара од Собранието  продолжување на кризната состојба на територијата на Македонија до 30 јуни идната година.  Владата исто така го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, …

Владата бара продолжување на кризната состојба, скијачките центри ќе работат Read More »

Заев на Самитот 2025: Решени сме да не штедиме


Премиерот Заев на денешната панел сесија на отворањето на Самитот на „Македонија 2025“ подвлече дека Владата, како и останатите земји во светот, е насочена кон екологијата, енергетиката, заштедата на енергијата, дигитализацијата и по надминувањето на КОВИД кризата е подготвена за брз рестарт и унапредување на реформите кои се однесуваат на администрацијата, кои, како што нагласи …

Заев на Самитот 2025: Решени сме да не штедиме Read More »

Мицкоски за Бучковски: Тешко на Македонија со тандемот „лепливи прсти“


Тешко на Македонија ако решението е „тандемот лепливи прсти“ Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот. Ова, меѓудродото, го вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата реакција на информацијата дека Владата го именуваше поранешниот премиер и …

Мицкоски за Бучковски: Тешко на Македонија со тандемот „лепливи прсти“ Read More »

Меркел: Пандемијата го менува глобалниот однос на силите во корист на Азија


Пандемијата на коронавирусот дополнително ќе го промени глобалниот однос на силите во корист на азиските земји, оцени денеска германската канцеларка Ангела Меркел. -Пандемијата економски ќе не уназади, предупреди Меркел на видео-седницата на германската Влада, нагласувајќи дека има извесно економско закрепнување во азиските земји, како Кина и Јужна Кореја, во кои граѓаните дисциплинирано носеа маски и …

Меркел: Пандемијата го менува глобалниот однос на силите во корист на Азија Read More »

Џамбаски: Бугарија се граничи со самата себе


Ангел Џамбаски, заменик претседател на ВМРО-БНД и европски пратеник, во текот на своето гостување на бугарската телевизија СКАТ рече дека признавањето на македонското малцинство од страна на Бугарија би можело да биде условено од страна на Европската Унија и нејзините финансиски фондови.  Според Џамбаски европската резолуција ќе биде вечен политички срам. – Бугарските европратеници од …

Џамбаски: Бугарија се граничи со самата себе Read More »

Европски дипломати и европратеник фатени во „ковид оргија“ во Брисел


Бриселската полиција утрово соопшти дека открила и спречила „ковид оргија“ во кафуле во центарот на градот, a помеѓу учесниците биле и повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел. Дваесет и пет лица учествувале во оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите. Идентитетот на европските дипломати како и …

Европски дипломати и европратеник фатени во „ковид оргија“ во Брисел Read More »

„Катимерини“: Спорот на Македонија со Бугарија се сели во НАТО


Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија ризикува да создаде нова пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две од земјите-членки, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени. Се чини дека сега ќе се појават конфликти уште меѓу две земји поради двовековен етнички спор, пишува Ставрос Цимас во својата …

„Катимерини“: Спорот на Македонија со Бугарија се сели во НАТО Read More »

Фотев: Бугарите се најпозитивни кон Македонците, неодговорни и глупи луѓе го расипуваат впечатокот


Бугарскиот профeсор и социолог Георги Фотев, во интервју за „факти.бг“, тврди дека Бугарите, откако влегле во ЕУ,  ја напуштиле „балканизацијата“ и дека над 80 отсто од нив имаат позитивни чувства кон Македонија,а обратниот впечаток се должи на тоа што пристап до медиумите имаат некои „неодговорни и глупи луѓе“. Податоците тој ги црпи од Студијата за …

Фотев: Бугарите се најпозитивни кон Македонците, неодговорни и глупи луѓе го расипуваат впечатокот Read More »

Годишното обраќање на претседателот Пендаровски на 16 декември


Претседателот Стево Пендаровски на 16 декември ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува …

Годишното обраќање на претседателот Пендаровски на 16 декември Read More »

СДСМ: Мицкоски, да не си паднат од Марс, преговори има два месеца


  Христијан Мицкоски да не се прави паднат од Марс, преговори со Бугарија течат веќе над два месеца, порачаа од СДСМ по упорните тврдења од опозициската партија викендов и денес дека во Софија се во тек преговори со кои се распарчува Македонија, се решава за нејзиниот идентитет, јазик и нација.   -Наместо да се крие …

СДСМ: Мицкоски, да не си паднат од Марс, преговори има два месеца Read More »

Извршители тропнаа во ВМРО-ДПМНЕ, тие велат Заев да си погледне во неговиот двор


Заев да си гледа во сопствениот двор, пола раководство му бара смена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по информацијата која ја соопшти СДСМ дека во седиштето на опозицијата дошле извршители поради долгови за луксузните уметнички слики. -На повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде се распродава идентитетот, јазикот, историјата. За долговите ги …

Извршители тропнаа во ВМРО-ДПМНЕ, тие велат Заев да си погледне во неговиот двор Read More »

„Мала Богородица подготвена“, се чека одлука кој колку ќе плати за лечењето


Од болницата „Систина“ известија дека поранешната болница „Мала Богородица“ е во финална фаза на опремување и адаптирање во ковид-центар. -Ве информираме дека по постигнатиот устен договор од министерот за здравство, „Аџибадем Систина“ веднаш почна  да го опремува овој капацитет и да го адаптира објектот во ковид-центар, на сопствен трошок.Во овој момент капацитетите може да се …

„Мала Богородица подготвена“, се чека одлука кој колку ќе плати за лечењето Read More »

Новинарите бркани и од паркингот на ГОБ „8 Септември”


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) преку соопштение реагираат на попречувањето на работата на новинарските екипи во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Од ЗНМ и ССНМ посочуваат дека според повеќе пријави од колеги кои пристигнале до нивните канцеларии, за време на викендот и …

Новинарите бркани и од паркингот на ГОБ „8 Септември” Read More »

Детрез: Зошто е непријателско да се зборува за фашистички окупатор ?


Македонците одат предалеку во обидот да се разликуваат од Бугарите, а Бугарите одат предалеку во слепото негирање на македонскиот идентитет, вели белгискиот експерт за Балканот Рејмонд Детрез во интервју за бугарската редакција на „Дојче Веле“.Според него тврдењето дека македонскиот јазик е едноставно дијалект на бугарскиот јазик е ненадминливо во својата апсурдност бидејќи создавањето национален литературен …

Детрез: Зошто е непријателско да се зборува за фашистички окупатор ? Read More »

Почнаа игрите околу „тронот“ на Путин


Дали Путин е сериозно болен и наскоро ќе се пензионира или се ова само гласини? „Во јануари, Владимир Путин ќе ги објави своите планови за предавање на власта“, изјави рускиот историчар Валери Соловеј. Путин, според него,  се лекува од Паркинсонова болест, рак и депресија. „Целосна глупост“, порачаа од Кремљ. Но, Соловеј, поранешен професор на Московскиот …

Почнаа игрите околу „тронот“ на Путин Read More »

Бобоков за интервјуто на премиерот: Борисов е манипулатор и лажго


Борисов, Пеевски и Гешев е триумвирот што владее со Бугарија. Премиерот е лажго и манипулатор. Претпоставувам дека работите што се наоѓаат во неговите фиоки се негови, а тој го негира тоа, изјави бизнисменот Пламен Бобоков. „Живееме во земја на лажговци, а во земјата на лажговци сè е болест“, рече тој цитирајќи го познатиот италијански писател …

Бобоков за интервјуто на премиерот: Борисов е манипулатор и лажго Read More »

Демократски сојуз: Не брзајте со „патоказот“ за Бугарија


Демократскиот сојуз, врз основа на анализата на актуелните односи помеѓу Македонија и Бугарија, оценува дека бугарските барања се сведуваат на три клучни работи: прво, да прифатиме дека корените на македонскиот народ се бугарски, второ, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и трето, дека во Бугарија нема Македонци. За да ги оствари овие цели, Бугарија ја блокира …

Демократски сојуз: Не брзајте со „патоказот“ за Бугарија Read More »

Мата Хари, Шехерезада и Борисов


Бојко Борисов – жртва на љубовта. „Шерше ла фам“(Си бара жена). Западна Европа осамна во неделата со романтичната приказна за бугарскиот премиер. Досега тој беше познат во развиениот свет како генерал, врвен полицаец, ловец на дрога, растурач на печатници за фалсификувани пари, најдобар пријател на Германија, спасител на Европа од бегалци, „брадр Бојко“ . Сето …

Мата Хари, Шехерезада и Борисов Read More »

Денес нови протести на ВМРО-ДПМНЕ


Со протест во 11 града попладнево продолжуваат протестите на ВМРО-ДПМНЕ за изразување на незадоволство од работата на актуелната владеачка гарнитура и особено изнесените ставови на премиерот Зоран Заев во неодамнешното интервју за БГНЕС. – Заедно со народот продолжуваме против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Заев не е заеднички. Да …

Денес нови протести на ВМРО-ДПМНЕ Read More »