СДСМ: Мицкоски, да не си паднат од Марс, преговори има два месеца

Фото: Б. Грданоски
 
Христијан Мицкоски да не се прави паднат од Марс, преговори со Бугарија течат веќе над два месеца, порачаа од СДСМ по упорните тврдења од опозициската партија викендов и денес дека во Софија се во тек преговори со кои се распарчува Македонија, се решава за нејзиниот идентитет, јазик и нација.
 
-Наместо да се крие зад партиски соопштенија, да организира таканаречени протести преку кои си ја спасува фотелјата, Мицкоски да излезе и да каже:  со кого соработува во Бугарија и за какви цели? Почна со лаги дека претседателот Заев ќе одел во Софија да ја парчи Македонија викендов, а ниту Заев беше во Софија, ниту Македонија е распарчена.
 
Мицкоски е изгорен од желба Македонија да не успее, ама тоа задоволство СДСМ и македонскиот народ нема да му дадат на самопрогласениот хистеричен политичар.
Мицкоски е целосно разобличен! Целта со оваа срамна лага, невистина беше да и се наштети на државата, но повторно не успеа, повторно е поразен, изолиран во сопствената  хистерија и очај, стои во рекацијата на СДСМ.