Мицкоски за Бучковски: Тешко на Македонија со тандемот „лепливи прсти“

Тешко на Македонија ако решението е „тандемот лепливи прсти“ Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот.

Ова, меѓудродото, го вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата реакција на информацијата дека Владата го именуваше поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски за специјален претставник во Бугарија.

Мицкоски ја критикува оваа одлуката потсетувајќи и дека Бучковски предлагал заедничкиот чествување на Илинден со источниот сосед кого, пак, Заев во интервју го направи ослободител, а не окупатор.

„Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите. Луѓето со ’лепливи прсти‘, едниот познат по „Бачило“, продажба на ЕВН, „Маџар Телеком“, пасоши, другиот познат по „Глобал“, поткуп-евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање“, вели Мицкоски во реакција.