Србија возврати, го протера црногорскиот амбасадор во Белград


Министерството за надворешни работи на Србија соопшти вечерва дека, по повод прогласувањето на српскиот амбасадор во Црна Гора Владимир Божовиќ за персона нон грата, пристапиле на реципрочен начин.

Според дипломатската нота која МНР на Србија ја упатило до црногорското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен исто така за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен во наредните 72 часа да ја напушти територијата на Република Србија“, се наведува во нотата.