Двајца руски навивачи добија три и 10 години затвор за насилство на Еуро-2016 


 Судот од Буш-ди-Рона ги осуди руските навивачи Михаил Ивкин и Павел Косов на три и 10 години затвор, кои беа прогласени виновни за насилството врз англиски навивач во Марсеј, кој почина за време на насилните инциденти на маргините на натпревар од Евро-2016 година, јави дописникот на МИА. Михаил Ивкин, кој беше притворен од февруари 2018 …

Двајца руски навивачи добија три и 10 години затвор за насилство на Еуро-2016  Read More »

Хенкок: Идентификувана нова варијанта на коронавирусот


– Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот.Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“. – Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да е поврзано со рапидното зголемување на бројот на пациенти на југо-истокот на Англија, рече Хенкок. Првичната …

Хенкок: Идентификувана нова варијанта на коронавирусот Read More »

Повик до Јанша да не го запре финансирањето на државната агенција СТА


 Европската асоцијација на новински агенции (ЕАНА) го повика словенечкиот премиер Јанез Јанша да ја промени одлуката за прекин на финансирањето на словенечката државна новинска агенција – СТА. Владиното Биро за комуникации (УКОМ) го суспендираше финансирањето на агенцијата се додека СТА не ги достави своите комерцијални договори и документација за да ги „оправда“ субвенциите. Од СТА …

Повик до Јанша да не го запре финансирањето на државната агенција СТА Read More »

Во Србија од 20 декември само со ПЦР тест


Од 20 декември на странските државјани ќе им треба негативен ПЦР тест за влез во Србија, додека на српските граѓани ќе им треба или негативен тест или ќе бидат испратени во десетодневен карантин, јави дописникот на МИА од Белград. -Донесовме одлука сите ресриктивни мерки што важеа досега да бидат во сила до петок, 18 декември, …

Во Србија од 20 декември само со ПЦР тест Read More »

Мицкоски за отчетот: Ова се сто дена фијаско на Владата


Изминатите 100 дена на Владата се вистинско фијаско и продолжение на низата која трае четири долги години – години на промашувања, криминал и неуспеси. Ова се најлошите 100 дена на кој било Влада во македонската современа држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени првите три месеци од мандатот на актуелната Влада. Мицкоски на прес-конференција …

Мицкоски за отчетот: Ова се сто дена фијаско на Владата Read More »

Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски nе организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика …

Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството Read More »

Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите


Премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата за отчет на Владата, остави простор да се размислува и да разгледува евентуална законска регулатива пред стапувањето на функција во Македонија секој кандидат да мора да пријави дали покрај македонското има и други државјанства. Темата стана актуелна во земјата по фалбите од Софија околу тоа колку македонски државјани аплицирале …

Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите Read More »

Заев: Обезбедивме фер избори, и покрај противењата на опозицијата


Премиерот Зоран Заев, на отчетот за стоте дена работа, се пофали дека како Влада обезбедиле избори во фер и демократска атмосфера, наспроти резервите на опозицијата, и дека тие покажале дека тоа била исправна и единствено можна одлука. „И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, …

Заев: Обезбедивме фер избори, и покрај противењата на опозицијата Read More »

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија


Премиерот Зоран Заев, давајќи отчет за стоте дена од работата на новата влада, го издвои како едно од најважните прашања изнаоѓањето решение за проблемите што ги постави Бугарија. Притоа, тој порача дека никој кај нас нема вина за оваа ситуација, но тој е уверен дека ќе се најдат решенија. -Ни оваа влада, ни нашата држава, …

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија Read More »

Бугарија ги разбуди балканските духови, не се знае кој кого окупирал


Бришењето на имињата на српските светилишта на фреските во манастирот „Св. Јован Осоговски “во Северна Македонија е добро познат метод на притисок и закана, што често го користеа бугарските терористи од ВМРО, пишува српскиот весник „Новости“, по бугарските напади за српски влијанија за дебугаризација на нашата држава. Текстот го пренесува БГНЕС, што е втор обид …

Бугарија ги разбуди балканските духови, не се знае кој кого окупирал Read More »

ВМРО-ДПМНЕ не излезе на избори, а обвинува за уцени и поткуп


Пратеникот на ВМРО-ДПМНE од Штип, Иван Јорданов обвини дека предвремените локални штипски избори биле спроведени со закани и уцени, а тврди дека се плаќало и за глас повеќе, а цената достигнувала и над 200 евра. Тој, вечерва на прес-конференција рече дека изборите биле мафијашки. „Денес цел Штип беше сведок на мафијашки избори организирани од Зоран …

ВМРО-ДПМНЕ не излезе на избори, а обвинува за уцени и поткуп Read More »

Ахмети објави победа на кандидатот на ДУИ во Пласница


Лидерот на ДУИ Али Ахмети во објава на Фејсбук  објави победа на  кандидатот на неговата партија за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на денешните предвремени локални избори. -Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда на волјата на граѓаните …

Ахмети објави победа на кандидатот на ДУИ во Пласница Read More »

Средба со Путин само на растојание и со тест


 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека за време на пандемијата на коронавирусот, во итен случај, претседателот Владимир Путин може да се сретне лично со луѓе, кои понекогаш треба да почекаат на тестирање пред тоа, а личната комуникација со шефот на државата може да се одвива и на безбедно растојание од пет до шест метри. …

Средба со Путин само на растојание и со тест Read More »

Во Турција речиси 1,75 милиони заразени, следат построги мерки


 Турција регистрира речиси 1,75 милиони случаи на инфекција со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопшти турското Министерство за здравство, по промената на начинот на регистрација на пациентите, во кој претходно беа вклучени само пациенти кои имаат потреба од медицинска нега. Министерството за здравство соопшти дека досега, од првата потврдена инфекција во март, имало 1.748.567 случаи, засновани …

Во Турција речиси 1,75 милиони заразени, следат построги мерки Read More »

Грците прават брзи тестирања за Ковид-19 од автомобил


Немам симптоми, меѓутоа кога веќе има тестирање во мојата населба, зошто да не, вели повозрасен Грк за МИА, додека со неговиот автомобил чека ред за бесплатно да се тестира за Ковид-19 во северниот дел на Атина. Мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, откако беа набавени рапид тестови, спроведува секојдневни тестирања од …

Грците прават брзи тестирања за Ковид-19 од автомобил Read More »

Признавањето странски дипломи отсега и електронски


Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните. Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на …

Признавањето странски дипломи отсега и електронски Read More »

Сандеј Тајмс: Русите се обиделе да го отрујат Навални и додека бил во кома


Руските разузнавачки служби направиле и втор обид да го отрујат опозицискиот лидер Алексеј Навални додека беше во вештачка кома во болница во Омск, пишува „Сандеј тајмс“. „Извори во германските тајни служби им соопштија на своите партнери во Велика Британија дека додека Навални бил во вештачка кома и пред тој да биде испратен со специјален авион …

Сандеј Тајмс: Русите се обиделе да го отрујат Навални и додека бил во кома Read More »

Каракачанов: Македонците може да се наречат Марсовци, дали и Цар Самоил ќе биде од Марс?


Бугарија е земја која секогаш и помагала на Македонија – ние први ги препознавме, финансиски помагавме, помагавме и воено  за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален став,а добивме игри зад сцената, изјави за БНТ вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.  Каракачанов ја бранеше позицијата на ВМРО, како партија  што  во својата 125-годишна историја го …

Каракачанов: Македонците може да се наречат Марсовци, дали и Цар Самоил ќе биде од Марс? Read More »

ДИК: До 9 часот излезноста во Штип 2,94, а во Пласница 7,37 отсто


На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9:00 часот гласале 1227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК). ДИК потестува дека право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 …

ДИК: До 9 часот излезноста во Штип 2,94, а во Пласница 7,37 отсто Read More »