ДИК: До 9 часот излезноста во Штип 2,94, а во Пласница 7,37 отсто

Фото: Б. Грданоски

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9:00 часот гласале 1227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК потестува дека право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се додава во соопштението на ДИК.

ДИК пшотесттува дека информациите во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо по завршувањето на гласањето ќе можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачоте од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Изминатите два дена во Штип и Пласница гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните и немоќни, осудениците и станари на геријатриски домови. Како што соопшти синоќа Државната изборна комисија, избирачките одбори го спроведоа гласањето на овие лица и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација.

Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас.

Гласење е спроведено во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени двајца гласачи кои се од општина Штип, од кои само едниот го оствари своето право на глас.

На гласачките места во казнено поправните установи своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил своето право на глас.