Сандеј Тајмс: Русите се обиделе да го отрујат Навални и додека бил во кома


Руските разузнавачки служби направиле и втор обид да го отрујат опозицискиот лидер Алексеј Навални додека беше во вештачка кома во болница во Омск, пишува „Сандеј тајмс“.

„Извори во германските тајни служби им соопштија на своите партнери во Велика Британија дека додека Навални бил во вештачка кома и пред тој да биде испратен со специјален авион во Берлин, Русите направиле втор обид да го отрујат“, пишува весникот.

Според изворот, луѓето од руските специјални служби имале за цел да спречат евакуација на Навални во Берлин.

Професорот Аластер Хеј, професор по хемија на Универзитетот во Лидс, смета дека труењето било неуспешно затоа што лекарите му вбризгале атропин на Навални, а тој делува како противотров на  отровот „Новичок“.