Лидерот на ДУИ Али Ахмети во објава на Фејсбук објави победа на кандидатот на неговата партија за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на денешните предвремени локални избори.
-Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда на волјата на граѓаните за поддршка на нашите правилни политики за сите граѓани, напиша Ахмети.
-Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначалник. Благодарам на сите што гласаа, но и на тие што не гласаа, јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница, рече Јахоски.
Тој му е брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил Јахоски кој беше избран за пратеник во Собранието.