Во Собранието втор ден расправа, до полноќ треба да се гласа за избор на новата влада


 Спротивставени мислења делат пратениците од опозицијата и од владејачките партии и на денешната расправа во Собранието за избор на новата влада. Според опозицијата, владините кадри се докажани само по својата корумпираност и непрофесионалност, а народот е уморен од ниски плати, високи давачки и погубни политки. Владејачките партии, пак, остануваат на ставот дека оваа влада го …

Во Собранието втор ден расправа, до полноќ треба да се гласа за избор на новата влада Read More »

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, утре во Македонија


  Еден ден пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје германската министерка за Европа, Ана Лирман, ќе има разговори со македонското раководство. Посетата доаѓа и десетина часа по изборот на новата влада. Лирман пред еден месец, само неколку дена по изборот на новата германска влада, имаше средба со вицепремиерот за европски интеграции Никола …

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, утре во Македонија Read More »

Навреди од ВМРО-ДПМНЕ кон малите партии во новата влада


  На денешната расправа во Собранието за избор на Влада на РСМ,  дојде до вербален дуел меѓу пратеници од малите политички партии и од ВМРО-ДПМНЕ, кои на ваков начин сакаат да ги натераат да откажат поддршка на новата влада. Повод беше обраќањето на пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој  посочи на неколку …

Навреди од ВМРО-ДПМНЕ кон малите партии во новата влада Read More »

За Гордана Силјановска биографиите на новите министри се како флаери


Пратеничката Гордана Силјановска- Давкова на денешната седница на Собранието го оспори легитимитетот на новата влада поради поразот на локалните избори, и поради фактот дека премиерот Зоран Заев не се повлеков од здравствени или други причини, туку поради изборен неуспех. Второ, како што посочи, кога се конституирала владата, дел од неа беше и партијата БЕСА, сега …

За Гордана Силјановска биографиите на новите министри се како флаери Read More »

Лазаров: Бизнисмените не им веруваат на историчарите кои зборуваат полувистини


Трговската размена со Бугарија ни оди одлично и се очекува во следните месеци да надмине и 700 милиони евра. Но, како што вели претседателот на македонско – бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77 ни недостасува инфраструктура за оваа размена да стане уште подобра и поуспешна. „Имајќи ја во предвид …

Лазаров: Бизнисмените не им веруваат на историчарите кои зборуваат полувистини Read More »

Димитров: Воопшто не молчев, додека бев во Владата битката ја водев внатре


Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата. -Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, …

Димитров: Воопшто не молчев, додека бев во Владата битката ја водев внатре Read More »

Доенче со вродена аномалија почина од корона вирусот


 Министерството за здравство соопшти дека Институтот за јавно здравје во денеска доставениот извештај пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот „Мој Термин“ е заведено дека починало на 03.01.2022 година. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за …

Доенче со вродена аномалија почина од корона вирусот Read More »

(ВИДЕО) БЕГ под принудна управа, нема да има студени радијатори


Министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција информираше дека проблемот со топлинската енергија во Скопје и во општините е решен. -Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. На денешната седница донесовме уредба во делот на критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија. Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои …

(ВИДЕО) БЕГ под принудна управа, нема да има студени радијатори Read More »

Разрешена Ризова, Дарко Спасов нов в.д. директор на „Театар Комедија“


Дарко Спасов, вработен како драматург во театарот „Комедија“, е назначен за в.д. директор на оваа театарска установа откако истовремено е разрешена директорката Магдалена Ризова Черних. Министерката за култура Ирена Стефоска донесе решение за престанок на должноста на Магдалена Ризова Черних како в.д. директор на Национална установа„ Театар  Комедија“  поради работа која не е во согласност со закон и …

Разрешена Ризова, Дарко Спасов нов в.д. директор на „Театар Комедија“ Read More »

Маричиќ: Изборниот законик треба да се отвори што побрзо


 Има уште многу прашања коишто се отворени во однос на измените на Изборниот законик и тој процес треба да се отвори што побрзо, за да се даде шанса да се изнесат сите аргументи од сите политички партии во тој процес, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ. Маричиќ посочи дека минатата година на двапати имаше измени на Изборниот …

Маричиќ: Изборниот законик треба да се отвори што побрзо Read More »

Бомгартнер: Ќе правиме сè за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ


Најмногу сакаме да бидеме корисни и да направиме сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија. Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот на Франција …

Бомгартнер: Ќе правиме сè за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ Read More »

Политички хорор на минус десет степени


Општествено одговорна компанија. Така се нарече себеси БЕГ, снабдувачот на скопјани со централно греење, кога нѐ извести вчера дека има гас само за еден ден и дека баш кога ќе се избира новата влада, ќе ги исклучат радијаторите. За разлика од Ненадлежна Арсовска, која мисли дека треба да биде само набљудувач на кризите и цел …

Политички хорор на минус десет степени Read More »

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје


 Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се …

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје Read More »

Бислимовски: Ако не грее БЕГ ќе ја изгуби лиценцата


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски изјави дека БЕГ ќе ја изгуби лиценцата тогаш кога ќе престане да испорачува топлинска енергија во Скопје, а одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе ја преземе Владата. БЕГ претходно бараше Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па сè до завршување на …

Бислимовски: Ако не грее БЕГ ќе ја изгуби лиценцата Read More »

Невакцинираните Грци од недела ќе плаќаат казни


>Невакцинираните лица над 60-годишна возраст во Грција имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада …

Невакцинираните Грци од недела ќе плаќаат казни Read More »

СЗО за Ѓоковиќ: Вакцинацијата не смее да биде пречка за патувања


Светската здравствена организација вчера зазеде став дека вакцинацијата, односно прашањето дали некој е вакциниран или не, не треба да се користи за да се спречи патувањето на луѓето, а владите да ја вакцинација како „последна опција“. Овој став на Светската здравствена организација (СЗО) доаѓа како одговор на прашањата покренати во австралискиот „Сидни Морнинг Хералд“ и „Ејџ“ …

СЗО за Ѓоковиќ: Вакцинацијата не смее да биде пречка за патувања Read More »

Бомгартнер: Нема рок за преговорите со Македонија


Амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, при откривањето на приоритетите на Франција за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, рече дека Франција ќе има конструктивен пристап во овој поглед. „Во однос на проширувањето и членството на Република Северна Македонија, за оваа тема нема …

Бомгартнер: Нема рок за преговорите со Македонија Read More »

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски


Мандатарот Димитар Ковачевски, при неговото последно обраќање кон јавноста најави дека има намера да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ковачевски истакна дека со лидерот на опозицијата би сакал да разговара за сите отворени прашања. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè …

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски Read More »

Најгел Фараж: Србија е прекрасна земја


Најгел Фараж, контроверзниот политичар што ја изнесе Велика Британија од ЕУ па се повлече,  деновиве престојува во Србија за да даде поддршка на тенисерот Новак Ѓоковиќ во правната битка со австралиските власти. И, според фотографијата што ја објави на твитер, се гледа дека добро се вклопил во српскиот менталитет, поради што воодушевено напиша дека “Србија …

Најгел Фараж: Србија е прекрасна земја Read More »

НАТО нема да и дозволи на Русија да и ги затвори „отворените врати“


 На вчерашната средба со руските претставници во рамки на Советот НАТО-Русија во Брисел на која учествуваа сите 30 НАТО-членки, САД и сојузниците доволно јасно кажале дека нема да му дозволат на никого да ја затвора политиката на „Отворени врати“ на Алијансата, изјави портпаролот Нед Прајс. Во декември Москва испрати сет од барања за преговори со …

НАТО нема да и дозволи на Русија да и ги затвори „отворените врати“ Read More »