Лазаров: Бизнисмените не им веруваат на историчарите кои зборуваат полувистини


„Имајќи ја во предвид 2020 година споредбено со 2021 година до 11 ти месец, трговска размена со Бугарија изнесува околу 663 милиони евра и ако тој тренд продолжи  ќе стигнеме и до 720 милиони. Овој факт радува и пред се сѐ должи на пост паднемискиот заздравувања,  но и обидите за доближување и релаксирање на политичките односи пред се од САД и ЕУ  за ова прашање да добие конкретна разрешница. Имајќи во предвид дека со Турција имаме 577 милиони евра трговска
размена, со Косово 42 милиони евра, само со Србија со Грција имаме повеќе отколку со Бугарија”, вели Лазаров.

Во Бугарија извезуваме руди од олово, цинк и бакар, железо и челик класични производи и профили, а од Бугарија најмногу увезуваме нафтени деривати, масло, сончоглед, дрвени производи, во голем процент има и увоз на струја. Но од наша страна исто така многу се извезува во последно време овошје, зеленчук, вино, лекови, тоа се производите кои ги извезуваме во првите топ 10.

„Во однос на суфицитот, во моментов сме 50 -50, моментално е избалансирана трговска размена што радува, немаме дефицит, се стремиме кон тоа да добиеме и суфицит кон Бугарија, што е сигнал сам по себе дека економијата беше запоставена во претходниот период и дека сега треба силно да работиме во тој  правец”, изјави Лазаров за „Стадион”.

Тој се осврна и на инфраструктурните проекти кои се дел од Коридорот 8 кои што би можеле да придонесат кон подобра и успешна со трговска размена со Бугарија, но си земјите од околу.

„Пред се околу иницијативите сега што ги има околу Коридорот 8 и не толку помали проекти делницата што се подготвува Куманово – Крива Паланка, исто така мегапроектот за железничко поврзување пеѓу Скопје и Софија, кој во последно време се интезивира и има конкретни рокови кога
треба да биде завршен. Граничниот премин Клепало, кај Берово комплетно е завршен од нашата страна, од бугарска страна уште е во фаза на градежни активности со што би заживеал и тој регион на сосема друго ниво, би се поврзале сите тие туристички центри кои ги имаме на наша страна со бугарска страна. ние како Комора постојано говориме да се проектира едно модерно автопатско решение  помеѓу Скопје и Софија, предлагам да се даде некоја фирма со законско решение во парламентот по примерот на американската „Бехтел и Енка” за да не се губи време во однос на тој процес. Со што стратешки же се поврземе со Црно Море и земјите кои гравитираат во тој дел, не само трговски туку и енергетски. Станува збор за милијарди евра трговска размена, зборуваме да достигнеме една милијарда со Бугарија, тоа требаше пред 10 години да биде. Само преку инфраструктурните проекти и зајакнување на преку граничната размена Бугарија имаме голем потенцијал во однос на искористување на европските, земјоделските фондови, туристичките центри исто така многу може да помогнат во делот со сончевата енергија, хидро туризмот, дигитализацијата.”, изјави Лазаров.

На новинарско прашање дали политичко -историскиот спор помеѓу двете земји влијае и на бизнис комуникацијата, Лазаров истакна дека бизнисмените немаат таков проблем во секојдневната комуникација.

„Како да им веруваме на историчарите кога знаеме дека и кај нас и кај нив тоа што го зборуваат е полувистина. Кај нив во комунизмот кажувале дека непријателот доаѓа од Југославија, а кај нас зборуваа дека непријателот доаѓа од исток, тоа е едно систематско перење на мозок на македонските граѓани , и сега ние сакаме преку ноќ тоа да го исправиме, тоа не е можно”, вели
Лазаров.

 

Во однос на податоците дека се повеќе македонски граѓани наместо во Банско и Боровец, на скијање заминаа на Златибор и Копаоник, како прва причина Лазаров ја наведе лошата инфраструктура кон Бугарија, на која треба да поработат и двете земји.

„Прво заради инфраструктурата затоа што е катастрофална кон Бугарија, и од нивна страна исто така, второ заради антагонизмот што е веќе присутен кај народот во Бугарија и кај нас. Таа политичка нестабилност, таа историска тематика што ја наметнаа, тој историски наратив направи луѓето кои ги имаме како пријатели да не се веќе истите, а да не зборуваме за обичните луѓе вработени во ресторани, хотели на граничните премини. Сосема друга слика е  кога ќе отидеш сега во Бугарија и кога си бил некогаш во Бугарија”, изјави Лазаров.

„Ќе биде срамно, за двете држави и народи ако спорот продолжи уште 30 години“, оцени бугарскиот професор Стефан Дечев.  Тој вели дека со колеги од Македонија и од други земји работат да најдат  решение врз основа на современата историографија, современите хуманитарни и социјални науки за наоѓање на подобни  решавање за двете држави.

„Тоа зависи од политичарите и функционерите, но мислам дека треба да се најде решение во следните неколку месеци затоа што постои сериозна опасност тој спор навистина да продолжи долго и да ги загади односите помеѓу двата народи. Јас мислам дека со добра волја, врз основа на доверба и договорот од 1 ви август 2017 година може да се најде решение”, вели Дечев.

За правата на Бугарите во Македонија, вели тој тоа го нема ниту во рамковната позиција на Борисов, ниту во декларацијата на Парламентот, тоа било покренато како прашање подоцна, минатата година во месец јуни во т.н пакет 5+1, каде тоа +1 се однесува на запишување на македонските Бугари во Уставот на РСМ како и останатите народи.

„До ден денешен нема единство во бугарското општетсво зошто тоа треба да биде така, а колку што знам освен тие македонски Бугари за кои се зборува во бугарските медиуми има и такви кои не сакаат да влезат во Уставот на РСМ. Затоа што нема да има голема разлика и со мнозинството
кое се сметаат за етнички Македонци. Го зборуваат тој јазик, кој го сметаат за свој, македонскиот јазик и едните и другите ги почитуваат Гоце Делчев, Илинден, и едните и другите ја сметаат Македонија за своја татковина. И во таа смисла е многу спорно дали е потребно конститутивно мнозинство  кое Македонија го нема, но има нешто што е многу непријатно и кое се критикува исклучително и тука во Бугарија, дека треба да веруваме штом има 120.000 македонски граѓани кои што имаат бугарски пасош има и 120.000 македонски Бугари. Тоа не е верно, и ние сите знаеме дека тоа не е верно. Голем дел од нив имаат економска мотивација за тој пасош и зошто сакаат да заминат и да најдат добра работа во ЕУ”, изјави за „Стадион”, професорот Дечев.

 

Двата Парламентите треба настрана да ги остават декларациите, вели тој, а експертите од мешовитата историска комисија може да се држат до црвените линии, само тогаш кога црвените линии одговараат на постигнувањата во науката. Ако црвената линија е некаква глупост од бугарскиот или македонскиот парламет,  и ако си вистински научник и експерт ќе ја тргнеш настрана црвената линија и ќе го зборуваш тоа што ти кажува научната совест и постигнувањата на историографијата или на современите хуманитарни и социјални науки.Тоа е еден начин како би можеле да дојдеме до решение помеѓу Софија и Скопје.

„Признавањето од страна на Бугарија на денешен ден во 1992 година на Република Македонија под тогашното уставно име Република Македонија и сега ми изгледа многу ужасно како Бугарија ја призна Македонија како Македонија и тоа не означуваше територијални претензии, но формулата од Договорот од Преспа, Република Северна Македонија и краткото име Северна Македонија можело да се толкува како претензии кон Бугарија. Јас сметам дека нема логика за такво нешто. Срамно е тоа што се случува во овој момент, а уште посрамно ќе биде ако продолжи уште 30 години”, вели Дечев.

Никола Димитров е во право кога кажуваше дека дури и да оставиме настрана оти јазикот е признаен по катедри и факултети во цел свет, само од добро воспитување треба да го нарекуваме македонскиот јазик така како шо се говори,  а името му е македонски. Тоа е взаемната почит за која се зборува во договорот од 2017 година, Бугарија да го признае македонскиот јазик  и идентит, смета професорот Дечев, но додава дека поранешниот министер за надворешни работи во еден период имал деструктивна улога.

„Никола прололжува да ми биде пријател но не е во право што есента 2020 година  не беше направено доволно да се спречи ветото и премиерот Заев го остави сам.  Тогаш Каракачанов се закани дека ако не се решат историските прашања ќе има вето и  не беше мудро да се прават промени во македонскиот дел од историската комисијата. Беше отстранет еден од членовите кој успешно учествуваше во договорањето на општи формули прифатливи и за двете страни за Кирил и Методи, Гоце Делчев, Прличев…и беше ставен друг специјалист  кој беше напишал неколку статии оти Македонците воопшто немаат заедничка историја со Бугарите и за тоа нема што да се разговара.

Наспроти официјалното декларирање за немешање на владата и министерството во работењето на комисијата  мислам дека токму Никола Димитров влијаеше за неконструктивноста на македонските членови на неколку заседанија, што пак беа пречекани од арогантноста на определени бугарски историчари и на крајот резултираше со ќорсокак во работењето на комисијата. 

И зошто Димитров токму тогаш велеше дека не треба да брзаме, односите со Бугарија не се приоритет и треба да се свртиме кон себе и кон дома”, прашува професорот Стефан Дечев.