Најгел Фараж: Србија е прекрасна земја


Најгел Фараж, контроверзниот политичар што ја изнесе Велика Британија од ЕУ па се повлече,  деновиве престојува во Србија за да даде поддршка на тенисерот Новак Ѓоковиќ во правната битка со австралиските власти. И, според фотографијата што ја објави на твитер, се гледа дека добро се вклопил во српскиот менталитет, поради што воодушевено напиша дека “Србија е прекрасна земја“.