(ВИДЕО) Заев: Успеавме, народе мој!


Успеавме, народе мој, порача доцна вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев, соопштувајќи дека во моментов СДСМ со коалицијата победуваат  со над три пратенички мандати и со можност да освојат еден или два повеќе.Според него граѓаните излегоа да гласаат за сигурност, за ред и за правда. -Патот напред е потврден. На опасноста и кажавме јасно не, …

(ВИДЕО) Заев: Успеавме, народе мој! Read More »

„Белви“ преполно од партиски членови, се чека лидерот на СДСМ


Во хотелот „Белви“ почнаа да се собираат стотици партиски членови за да го слушнат говорот на лидерот Зоран Заев, кој треба да ја потврди победата што ја очекуваат тука. И покрај епидемијата, со маски на лице дојдоа да слават.

Љупчо Николовски прогласи победа


Победа, победа, победа… ја започна прес конференцијата генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски . -На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот кристално чист изборен ден јасни се две работи – победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро. ВМРО-ДПМНЕ и скапата Бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата „Можеме“ во овој …

Љупчо Николовски прогласи победа Read More »

Јанушев тврди: Имаме предност од седум или осум пратеници


По обработените 20 отсто од избирачките места, според првичните резултати ВМРО-ДПМНЕ веќе има значително водство, во моментов станува збор за седум-осум пратеници предност пред СДСМ, изјави Игор Јанушев на првата прес конференција по завршување на изборите. Зборувајќи пред седиштето на партијата, тој рече дека разликата во гласови, засега е десетина илјади. – Обновата доаѓа, оптимистички …

Јанушев тврди: Имаме предност од седум или осум пратеници Read More »

Николовски: Првичните резултати покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“


Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалцијата „Можеме“. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по затворањето на избирачките места. …

Николовски: Првичните резултати покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“ Read More »

Изборите завршија, излезноста надмина 50 отсто


Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека излезноста на изборите надминала 50 отсто, но до конечната бројка треба да се пребројат гласачите од последните дваесетина минути. Со оваа прес конференција практично завршија изборите и сега ќе почне пребројувањето на гласачите. дерковски беше многу задоволен од тоа како поминаа изборите. Попрецизно, до 20:40 часот …

Изборите завршија, излезноста надмина 50 отсто Read More »

Излезноста стигна до 45,74 отсто во 19 часот


Излезноста на изборите порасна на 45,74, соопштија вечерва од Државната изборна комисија. Според изборни единици: ИЕ 1 – 47,4% ИЕ 2 – 43,4% ИЕ 3 – 51,5% ИЕ 4 – 53,2% ИЕ 5 – 44,8% ИЕ 6 – 35,4% По општини, најголем одзив е забележан во Крушево – 66,64 отсто, а најмал во центар Жупа …

Излезноста стигна до 45,74 отсто во 19 часот Read More »

Регистриран случај со лажни вести, провокации кон изборни набљудувачи…


Мониторингот на ЦИВИЛ во периодот од 13 до 16 часот бележи еден случај на лажни вести. Во ИМ 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е вистина дека некој му …

Регистриран случај со лажни вести, провокации кон изборни набљудувачи… Read More »

(Видео) Советник на Чулев нападнал полициски началник


Советникот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓевски-Чикаш, го нападна началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во Тетово, сведочат лица што се нашле на местото на настанот, пишува порталот „Локално“, кој објави и видео од инцидентот. На видеото може да се види дека на местото на настанот има уште неколку лица што интервенирале …

(Видео) Советник на Чулев нападнал полициски началник Read More »

До јавните обвинителства пристигнати 10 известувања за евентуални нерегуларности


Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите попладнево информираше дека гласањето до 17 часот се одвива во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности. Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] пристигнати се вкупно 10 известувања. Поголемиот дел се однесуваат на агитирање и давање поткуп за …

До јавните обвинителства пристигнати 10 известувања за евентуални нерегуларности Read More »

До 17 часот излегле 38,78 отсто од гласачите


По првиот бран на побројно гласање, излезноста почна да се расте многу побавно. Според последните податоци на ДИК таа до 17 часот изнесувала само 38,78 што е незначително зголемување во однос на бројките во 15 часот, односно само 7 отсто. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски сепак изјави на прес конференцијата дека можеме да бидеме задволни …

До 17 часот излегле 38,78 отсто од гласачите Read More »

Фрлено шише со запалива течност во двор од куќа во Дебреште, Прилепско


Непознат сторител фрлил стаклено шише со запалива течност вчера во двор од куќа сопственост на С.М.(53) во прилепското село Дебреште. Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен на вчера во 01.30 часот, а од фрлено стаклено шише со запалива течност, било оштетено предното ветробранско стакло од патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, …

Фрлено шише со запалива течност во двор од куќа во Дебреште, Прилепско Read More »

МВР пријави ситни неправилности во изборниот процес во Скопје, Велес и Битола


Неколку пријави во врска со нарушување на изборниот процес во Скопје, Велес и Битола се регистрирани во дополнението на Билтенот што го објави денеска Министерството за внатрешни работи. Во Полициската станица Карпош, Ј.У.(75) од Скопје вчера во 9.20 часот пријавил дека добил СМС порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да …

МВР пријави ситни неправилности во изборниот процес во Скопје, Велес и Битола Read More »

Во Новаци до 15 часот рекордни 51,5 отсто гласачи


Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки. Претседателот на ОИК Могила Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 15 часот гласале 33,8 отсто, додека пак претседателот на ОИК Новаци Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки …

Во Новаци до 15 часот рекордни 51,5 отсто гласачи Read More »

ДИК: До 15 часот гласале 31,78 отсто од вкупниот број гласачи


До 15 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 31,78 отсто од обработени 3.435 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Третата изборна единица, а најмала во Шестата изборна единица.Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на пресконференција соопшти дека излезноста е …

ДИК: До 15 часот гласале 31,78 отсто од вкупниот број гласачи Read More »

Лице во струмичко нудело ваучери за гориво за глас


До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected], пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности. – Во Основното јавно обвинителство Струмица е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издаде наредби за обезбедување …

Лице во струмичко нудело ваучери за гориво за глас Read More »

Брнз задоволна што граѓаните учествуваат во демократскиот процес


 Американската амбасадорка Кејт Брнз изразува задоволство од учеството на граѓаните во изборниот процес за денешените предвремени парламентарни избори. -Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од Амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидам таму заедно со …

Брнз задоволна што граѓаните учествуваат во демократскиот процес Read More »

Токио прогласи „црвена“ тревога поради коронавирусот


Токио прогласи највисока „црвена“ тревога за закана од коронавирусот поради големиот скок на бројот на новозаразени во последните денови.Гувернерот Јурико Коике ја опиша ситуацијата во јапонскиот главен град како „многу тешка“.Таа ги повика жителите да се воздржат од непотребно патување и вети дека ќе се интензивира тестирањето за Ковид-19 преку употреба на опрема од универзитетите. …

Токио прогласи „црвена“ тревога поради коронавирусот Read More »

Вардар утрово во кафеава боја


На Фејсбук утрово се проширија  фотофрафии од реката Вардар на кои се гледа дека водата се претворила во кафена. Причината за загаденоста засега не е позната, но според коментарите на Фејсбук, до ваквата непријатна глетка најверојатно дошло од некој дефект или пукната цевка со што и дошло до големо загадување на водите во реката Вардар.

Ветераните на ОВК бараат затворање на Меѓународниот суд за Косово


 Потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај најави дека поранешните борци идниот месец ќе ги започнат активностите за затворање на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај во синоќешното интервју за телевизијата Т7 изјави дека за таа …

Ветераните на ОВК бараат затворање на Меѓународниот суд за Косово Read More »