Николовски: Првичните резултати покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“


Првичните резултати коишто стигаат до мене од избирачките места покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“. Очекуваме сигурна победа за СДСМ, сигурна победа и чист мандат за коалцијата „Можеме“. Победа за нашиот концепт кој што води напред кон развој и европска интеграција, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по затворањето на избирачките места.

Тој упати благодарност до сите граѓани што излегле да гласалаат,  почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот и го дале нивниот придноес кон развојот на нашето демократско општество.

– Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес и затоа треба да бидеме горди.  Во овие вонредни околности уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици и пред се да ги заштитат граѓаните нивното здравје но и да обезбедат слободен, фер и демократски изборен процесм нагласи Николовски.

Тој посочи дека изборниот ден минал во најдобар ред.