Токио прогласи „црвена“ тревога поради коронавирусот


Во Јапонија се тестираат само луѓе со симптоми на корона вирус (Фото: Ројтерс)

Токио прогласи највисока „црвена“ тревога за закана од коронавирусот поради големиот скок на бројот на новозаразени во последните денови.Гувернерот Јурико Коике ја опиша ситуацијата во јапонскиот главен град како „многу тешка“.Таа ги повика жителите да се воздржат од непотребно патување и вети дека ќе се интензивира тестирањето за Ковид-19 преку употреба на опрема од универзитетите.

Сега сме вo доста тешка ситуација, предупреди Коике.

Црвениот код е највисок од четири степени во системот за тревога во главниот град на Јапонија.

Според здравствените експерти, постои значително зголемување на заразани меѓу младите луѓе. Има се повеќе и повеќе случаи на заразени лица кои не покажуваат симптоми.