Јанушев тврди: Имаме предност од седум или осум пратеници


По обработените 20 отсто од избирачките места, според првичните резултати ВМРО-ДПМНЕ веќе има значително водство, во моментов станува збор за седум-осум пратеници предност пред СДСМ, изјави Игор Јанушев на првата прес конференција по завршување на изборите.

Зборувајќи пред седиштето на партијата, тој рече дека разликата во гласови, засега е десетина илјади.

– Обновата доаѓа, оптимистички рече Јанушев. Според него ВМРО-ДПМНЕ води во Гази Баба со два спрема еден, во Аеродром исто со два спрема еден, Илинден, Кривогаштани, Ихрид, Прилеп, Свети Николе , Бутел, Кисела Вода…, во многу од овие места предноста е два спрема еден.

Сепак тој рече дека имало и серија нерегуларности кои се документирани и процесуирана до надлежните институции и до ОБСЕ/ ОДИХР. Станува збор за притисоци врз администрацијата, изборен поткуп, агитирање во време на изборен молк и слично, односно околу дваесетина вакви случаи.