Излезноста стигна до 45,74 отсто во 19 часот


Излезноста на изборите порасна на 45,74, соопштија вечерва од Државната изборна комисија.

Според изборни единици:

ИЕ 1 – 47,4%
ИЕ 2 – 43,4%
ИЕ 3 – 51,5%
ИЕ 4 – 53,2%
ИЕ 5 – 44,8%
ИЕ 6 – 35,4%

По општини, најголем одзив е забележан во Крушево – 66,64 отсто, а најмал во центар Жупа – 19,90 отсто.

Од другите општини, во Аеродром одзивот бил 48.13 отсто, во Кисела Вода 48,60, во Центар 48,73, во Чаир 41,53, во Македонски Брод 64,68 отсто, во Сарај 44,75 отсто, во Арачиново 42,95 отсто, во Берово 56,45 отсто, во Крива Паланка 65,25 отсто, во Новаци 66,60 отсто, во Струмица 49,51 отсто, во Дебар 37,26 отсто, во Желиво 28,16 отсто…

Тетово и Јегуновце се единствените општини што достигнале 40 отсто излезност во Шестата изборна единица.