До 17 часот излегле 38,78 отсто од гласачите


По првиот бран на побројно гласање, излезноста почна да се расте многу побавно. Според последните податоци на ДИК таа до 17 часот изнесувала само 38,78 што е незначително зголемување во однос на бројките во 15 часот, односно само 7 отсто.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски сепак изјави на прес конференцијата дека можеме да бидеме задволни бидејќи изборите се одржуваат во специфични услови. Како општини со голема излезност тој ги посочи Аеродром ( со 42,4 проценти), Центар, Кисела Вода, Берово – 48,32 отсто, Крушево – 57,14, Кратово – 47,18 отсто, Ранковце – 51,26, а Крива Паланка 58,7 проценти – што е највисока во државата.

-Изборниот ден поминува со мали спорадични инциденти, но во најдобар ред, се решаваат сите прашања кои се наметнуваат, и во целина можеме да бидеме задоволни, со оглед дека овие избори се специфични и во специфични околности“, рече Деркоски на прес-конференцијата.

Највиска излезност има во изборната единица шест. Во центар жупа излезноста била само 17,65 отсто.

Изборна единица 1 – 41.07%

Изборна единица 2 – 36.98

Изборна единица 3 – 43.85%

Изборна единица 4 – 43.99%

Изборна единица 5 – 38.21%

Изборна единица 6 – 29.6%