(Видео) Советник на Чулев нападнал полициски началник


Советникот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓевски-Чикаш, го нападна началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во Тетово, сведочат лица што се нашле на местото на настанот, пишува порталот „Локално“, кој објави и видео од инцидентот.

На видеото може да се види дека на местото на настанот има уште неколку лица што интервенирале и спречиле да не дојде до поголем инцидент.

Од МВР засега нема официјален одговор за настанот во кој учествувал советникот на Чулев и началникот од Тетово.