ДИК: До 15 часот гласале 31,78 отсто од вкупниот број гласачи

До 15 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 31,78 отсто од обработени 3.435 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција.

Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Третата изборна единица, а најмала во Шестата изборна единица.Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на пресконференција соопшти дека излезноста е најголема во ИЕ 3, 37,24%, каде што во Крива Паланка излегле на гласање повеќе од половина запишани гласачи – 50, а најмала е се уште во ИЕ 6 22,85%.

Општина Желино, каде што има 23.926 лица на избирачкиот список, бележи најмала излезност од сите тетовски општини во сите досегашни часови на евиденција на одѕивот на гласачи. До 15 часот таму гласале 17,58 отсто од граѓаните.

ИЕ 1: 34,51

ИЕ 2: 29,96

ИЕ 3: 37,24

ИЕ 4: 35,56

ИЕ 5: 31,51

ИЕ 6: 22,85

До ДИК до овој момент, нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.