За 5 месеци, 36.362 нови невработени


Според инфографикот направен од „Рефлектор“ со податоци на Агенција за вработување, кон крајот на август, 36.362 повеќе луѓе бараат работа, за разлика од крајот на март кога започнаа да се затвораат локалите како мерка против пандемијата на коронавирусот. Па така, доколку во април Агенцијата за вработување регистрирала 107.732 лица кои активно барале работа, кон крајот …

За 5 месеци, 36.362 нови невработени Read More »

Вандали ги уништувале парковите во Аеродром


Градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин го осуди вандалскиот чин со кој синоќа беше уништен еден од головите на спортското игралиште во новоизградениот парк во Мичурин. Исто така, бил исечен и кабел за струја со што сторителите директно се изложиле себеси, но и другите граѓани на голема опасност. Случајот е пријавен во полиција и се …

Вандали ги уништувале парковите во Аеродром Read More »

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими


 Собранието на Македонија на денешната втора седница ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими, по што претседателот Талат Џаферија ја прекина седницата, се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК. Џафери бил известен дека Бесими нема да ја образложи неговата оставка, а бидејќи беше избран за пратеник од листата на кандидати од ДУИ потребно …

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими Read More »

Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром тврдат: Одиме во амбис, раководството живее под стаклено звоно


Поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром одлучиле да ја поддржат идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата. „Меѓу нас има членови на општинскиот комитет,  претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема.Партијата  е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ …

Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром тврдат: Одиме во амбис, раководството живее под стаклено звоно Read More »

Над илјада бизниси се уште забранети поради короната


Над 1.000 субјекти од дејности како игротеки, ресторани за свадби, клубови се уште немаат дозвола да работат, а Сојузот на стопански комори на Македонија од државата побара да продолжи да ги субвенционира платите на вработените од овој сектор. Од комората алармираат дека овие дејности се уште се принудно затворени, а Владата нема слух за побргу …

Над илјада бизниси се уште забранети поради короната Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов капитулираше пред комарците


ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека ги оставил на немилост скопјани на комарците среде лето. -Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје. Обично прскање се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов. …

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов капитулираше пред комарците Read More »

Родителите потпишуваат потврди дали да одат децата во училиште


Родителите на ученици низ земјава добиваат анкетни листови за тоа дали ќе прифатат нивното дете да посетува онлајн настава или настава со физичко присуство. Со нив треба да се изјаснат дали сте согласни или не сте согласни нивното  дете да посетува настава во училиште според планот и протоколите на Министерството за здравство и Министерството за …

Родителите потпишуваат потврди дали да одат децата во училиште Read More »

Сите пратеници на ДУИ ќе гласаат за новата влада


Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека сите пратеници на оваа партија ќе гласаат за предложените пратеници и дека изборот на владата се очекува во деновите од викендот. Во неформален разговор за ТВ „Клан“, Ахмети објаснил дека „дебатите за формирање на власта се дел од функционирањето на внатрешната партиска демократија“ и дека нема промени во …

Сите пратеници на ДУИ ќе гласаат за новата влада Read More »

Синдикат на полицијата: Зошто специјалци се праќаат да обезбедуваат куќарки?


Синдикатот на полицијата смета дека се незаконски решенијата на министерот за внатрешни работи со кои полициски службеници без никаков правен основ добиле решенија за распоредување надвор од нивните места на живеење. -Да биде апсурдот уште поголем, деновиве истото се случува во Одделот за специјални полициски операции.. Повторно „по предлог“ на раководител, а во согласност со …

Синдикат на полицијата: Зошто специјалци се праќаат да обезбедуваат куќарки? Read More »

Вељаноски: Зошто ни се толку потпретседатели на Собранието?


Нема економска оправданост и причина Собранието да има пет потпретседатели, смета поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. „Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.Во време на претходната власт од 2006-2008 година имаше тројца потпретседатели, од …

Вељаноски: Зошто ни се толку потпретседатели на Собранието? Read More »

Орбан летува на Јадранот, а ги советува Унгарците да не доаѓаат на Балканот


Говорејќи на локалното радио, Орбан ги повика Унгарците да не планираат патување во странство по 1-ви септември. Тој особено повика да не се патува јужно од Унгарија. Иако тој не го спомна Балканот по име, очигледно е дека унгарскиот премиер се осврна на јадранскиот брег и целото подрачје. Инаку , додека унгарските власти ги повикуваат …

Орбан летува на Јадранот, а ги советува Унгарците да не доаѓаат на Балканот Read More »

Нема две плати за министрите што станаа и пратеници


Во врска со забелешката на Државната комисија за спречување на корупцијата и конфликтот на интереси, дека членови на Владата кои се избрани за пратеници земаат две плати, Владата информира дека премиерот и министрите кои на последните избори беа избрани за пратеници ја земат единствено и исклучиво платата за нивниот ангажман во Владата, до моментот на …

Нема две плати за министрите што станаа и пратеници Read More »

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Милошоски е цел на политички прогон


ВМРО-ДПМНЕ смета дека Антонијо Милошоски е цел на прогон од лидерот на СДСМ Зоран Заев и од оваа партија само затоа што е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што отворено зборува за криминалите на Заев и за негова спрега со обвинителството и судството. -Заев и СДСМ алатките на власта ги користат само за …

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Милошоски е цел на политички прогон Read More »

Град Скопје предвидува вработувања што не очекува дека ќе се остварат


  Град Скопје реагира во врска со објавите во некои медиуми во кои се тврди дека годинава ќе вработи 91 лице, а за догодина се планираат 94 нови вработувања, од кои 30 ќе бидат пожарникари, а 64 административци. Според тие информации, тоа се предвидува со годишниот план за вработување за 2021 година, кој треба да …

Град Скопје предвидува вработувања што не очекува дека ќе се остварат Read More »

Дождливото време ги намножи комарците, утре вонредно прскање


Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци. Авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира во вторник 25 август  и среда 26 август во раните утрински часови. Доколку …

Дождливото време ги намножи комарците, утре вонредно прскање Read More »

Овој петок неработен за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед. Воедно, Министерството им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица на православните верници.

Ахмети не го дава Бујар Османи


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема намера да го промени списокот на министри предложени за новиот владин кабинет. Како што пренесе агенцијата ИНА, Артан Груби ќе биде министер за политички систем, додека Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, а со цврста поддршка зад нив стои Ахмети. Денеска ќе се организира последната средба со …

Ахмети не го дава Бујар Османи Read More »

Се повеќе барања за помош од социјално загрозените граѓани


Мрежата на невладини организации „Сите сите“ бара од Градот Скопје поддршка со цел да го зголеми својот капацитет на работа во услови на зголемен број барања за помош од социјално загрозени граѓани погодени од кризата предизвикана од Ковид-19. Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата „Ајде Македонија“ и координатор на мрежата „Сите сити“, која брои 15 активни …

Се повеќе барања за помош од социјално загрозените граѓани Read More »

Ахмети потврди: Ќе сведочам во Хаг како еден од основачите на ОВК


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Хаг на 2 и 3 септември. Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, преку соопштение на Фејсбук, во кое напиша дека е повикан и оти …

Ахмети потврди: Ќе сведочам во Хаг како еден од основачите на ОВК Read More »

Полициско насилство во Германија: „Брате, тоа не е смешно!“


Снимки од полициски акции во германски градови од викендот кружат на интернет. Тие делумно потсетуваат на постапките на полицијата во САД, па дебатата околу полициско насилство повторно се разгорува. Видеото кое се шири на интернет трае само 15 секунди. На него се гледа полицаец кој со колено ја притиска главата на лице кое лежи на …

Полициско насилство во Германија: „Брате, тоа не е смешно!“ Read More »