Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими


Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими. За неговата птерана смрт известија од ФК Влазерими од Кичево кои со соопштение се обратија до спортската јавност. – Со длабоко жалење и неверување ја прифативме веста за смртта на 52-годишна возраст, на поранешниот фудбалер на Велазерими од Кичево, Ќaмил Селими . Ќамил ги бранеше боите на …

Ненадејно почина Ќамил Селими поранешен фудбалер на Влазерими Read More »

Стотици ерменски војници загинале во судирите со силите на Азербејџан


Ерменските вооружени сили во судирите во Нагорно-Карабах претрпеа големи загуби – најмалку 550 лица се убиени и ранети, објави Спутник Азербејџан, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, ерменските вооружени сили загубиле 22 оклопни возила, 15 системи за противвоздушна одбрана, 18 беспилотни летала, осум артилериски единици и три складишта …

Стотици ерменски војници загинале во судирите со силите на Азербејџан Read More »

Иселеници се жалат дека услугите на МНР се недостојни и недоволни


Во отворено обраќање до македонското Министерство за надворешни работи и до амбасадата и конзулатите на Македонија во Германија, Македонците кои живеат во оваа земја бараат подобри услуги на македонските служби. „Потребата за точни и брзи информации се зголемува, а начинот на работење на нашите дипломатско-конзуларни претставништва останува ист. Услугите кои ги добиваме се недостојни и …

Иселеници се жалат дека услугите на МНР се недостојни и недоволни Read More »

До 15 октомври ќе почнат сите активности за именување директори


Веќе следната семица ќе почнеме со именување на директорите, таму каде што треба конкурси ќе се распишат, а верувма дека и надлежните институции како што се надзорните одбори ќе ги почнат постапките за избори и именување. Моите очекувања се дека сите именувања или постапки за именувања како активности ќе бидат отпочнати не подоцна од 15 …

До 15 октомври ќе почнат сите активности за именување директори Read More »

Се степале двајца лекари од Куманово


Лекар во Интерното одделение во Болницата во Куманово бил физички нападнат од негов колега. – На 26.9.2020 во 9.07 часот во СВР Куманово, лекар во Интерно одделение при болницата во Куманово пријавил дека бил физички нападнат од негов колега, соопшти МВР. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мицкоски: Викенд без ДДВ е лага


За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предвремените парламентарни избори на кои победи коалицијата „Можеме“ биле талибански. Осврнувајќи се на ново донесените мерки Мицкоски рече дека ова е само уште една лага на власта. „Денеска гледаме како на лажичка повторно им се ветува на граѓание дека всушност нема тоа да бидат четири викенди туку тоа ќе биде еден …

Мицкоски: Викенд без ДДВ е лага Read More »

Во Италија осомничени 237 лица за шверц на тешки дроги, половината од Албанија и Косово


Италијанското обвинителството ја финализира истрагата за акцијата „Крабурун“ во која се осомничи 237 лица, Италијанци но најмногу Албанци,вклучени во шверц главно на тешки дроги, низ цела Европа. -Меѓу уапсените се 127 Албанци од нив 90 од Албанија и 27 од Косово. Оваа организирана нарко мрежа дрогата во Италија ја доставувала од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, …

Во Италија осомничени 237 лица за шверц на тешки дроги, половината од Албанија и Косово Read More »

Во продолжениот викенд во октомври ќе се купува без ДДВ


Продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, изјави премиерот на државава, Зоран Заев во интервју за Локално. …

Во продолжениот викенд во октомври ќе се купува без ДДВ Read More »

Пописот во април ќе биде теренски


Пописот во април ќе биде теренски, со комбинирано користење на податоци од регистри. Македонија не е подготвена уште, наместо со попис, сите релевантни податоци од државата да ги собира преку државните институции затоа што тие не се комплетно функционални. Таков систем прво вовела Данска, но бил прифатен и во Исланд, Италија, Финска, Холандија и Шведска. …

Пописот во април ќе биде теренски Read More »

Владата денес ќе решава за четвртиот пакет со помош за економијата


На денешната седница Владата ќе ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19, соопшти владината прес-служба. На предлог на Министерството за образование денеска ќе бидат ставени на разгледување и усвојување предлог – уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и …

Владата денес ќе решава за четвртиот пакет со помош за економијата Read More »

Јанчев: Дај боже да бидеме сите како Заев


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, чиј член се уште е, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично. „Дај боже да бидеме сите како Зоран заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, рече Јанчев на трибината. Тој побара неговиот став да не …

Јанчев: Дај боже да бидеме сите како Заев Read More »

Прегазен полицаец додека запирал возач за брзо возење


Во текот на синоќешните полициски контроли на сообраќајот во Скопје, еден полицаец е прегазен од страна на возач во скопска Кисела Вода, кого се обидел да го сопре поради брзо возење, потврди МВР. Повредениот полицаец на улицата „Првомајска“ бил пренесен во Клиничкиот центар, а возачот кој управувал со возилото и неговиот сопатникот биле фатени и …

Прегазен полицаец додека запирал возач за брзо возење Read More »

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Прв до врв“


Министерството за внатрешни работи утре ќе воведе посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се одвива спортско-рекреативна трка „Прв до врв“ во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Какао што информираат од МВР,  почеток на манифестацијата е во 9:45 …

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Прв до врв“ Read More »

Во пад на украински воен авион загинале 22 офицери и кадети


Во падот на украинскиот воен авион на североистокот од земјата, во Харковската област, загинаа најмалку 22 лица, соопштија украинските власти. Руски Тасс, повикувајќи се на Контролата на летот, јави дека во авионот Ан-26 имало 28 лица. „Според прелиминарните информации, во авионот имало 28 лица, од кои седуммина офицери и 21 кадет на воената академија. За …

Во пад на украински воен авион загинале 22 офицери и кадети Read More »

Денес протест против полициската бруталност во Битола


Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност поради завчерашниот инцидент во кој полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност што претходно предизвикале сообраќајна несреќа. Граѓаните ќе се движат од Главната пошта во Битола до седиштето на битолската полиција. Протестот го организаира иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата, „Ромалитико“, „Романо Авази“, „Ромаверзита“, …

Денес протест против полициската бруталност во Битола Read More »

„Охрид СОС“ бара прогласување кризна состојба за Преспанското езеро


Црвените линии за Преспанското Езеро се одамна пречекорени и неопходно е итно и неодложно да се прогласи кризна состојба на целото подрачје на сливот на езерото, стои во барањето на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, поддржана од дваесетина други невладини организации. Барањето на социјалните мрежи е проследено со петиција до граѓаните за поддршка на иницијативата. „Охрид …

„Охрид СОС“ бара прогласување кризна состојба за Преспанското езеро Read More »

Приведени осомничените лица за нападот на Љупчо Палевски


Имаме приведено осомничени лица и моментално се работи на целосно расчистување на случајот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со нападот врз претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски. Палевски на 17 септември беше  нападнат од две лица со метален предмет кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.Тој …

Приведени осомничените лица за нападот на Љупчо Палевски Read More »

Богојески обвинува: Мицкоски и Каракачанов во заедничка платеничка акција


Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, соопшти дека подолг период е  предмет на уцени и закани преку специјална платена координирана акција помеѓу претставници на ДПМНЕ на Мицкоски и БНД на Каракачанов. Според него, тие се координирани од страна на еден македонски олигарх, кој плаќа бугарски и македонски политичари за да биде заштитен од политички прогон …

Богојески обвинува: Мицкоски и Каракачанов во заедничка платеничка акција Read More »

Пендаровски: Срамно и без преседан е политички да се полемизира од позиција на висок воен чин


Не постои ниту една Армија во светот чиј полковник, се расправа за политика во медиуми со актуелниот министер за одбрана. Тоа го нарушува кредибилитетот на Армијата, но и довербата на граѓаните во институциите на системот. Вака претседателот Стево Пендаровски денеска одговори на новинарско прашање околу неговиот став во врска со барањето на министерката Радмила Шекеринска …

Пендаровски: Срамно и без преседан е политички да се полемизира од позиција на висок воен чин Read More »

Лекарската комора реагира на изнесувањето ставови без медицински докази за короната нестручни


Лекарската комора преку соопштение најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чии ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со Ковид пациенти. Со ова целосно, посочуваат од Лекарската комора, се девалвира …

Лекарската комора реагира на изнесувањето ставови без медицински докази за короната нестручни Read More »